Кога некој ќе ве засака….

Дури и ако реципрочно чувство не се појави кај вас- не замерувајте, ценете ја таа љубов многу повеќе, однесувајте се кон неа многу внимателно.

Размислете: тоа е навистина чудо! Одеднаш постои човек кој ве сака? Исто така, центе ја својата љубов и кон другата личност, не го претворајте односот во однос на зависност.

Безусловната љубов е љубов без барања, тоа е единствена шанса да се предизвика реципрочно чувство. Кога се откажувате од желбата нешто да добиете, присвоите, сакате просто така, на ништо не сметате, тогаш можеби ќе се случи чудо, да ве засакаат.

Замислете да стоите пред огледалото на светот. Ако вашиот лик е љубов, во одсајот го добивате тоа истото. Но, ако ликот содржи желба да добие нешто за возврат, не треба да очекувајте во одразот да видите реципрочни чувства- огледалото ќе ги покаже само обидите да бидете сакани. Кога љубовта преминува во однос на зависност, се создава вишок на потенцијал – енергетски ‘пад на притисок’.

Односите на зависност определуваат поставување на услови од типот: “Ако не се омажиш/ ожениш за мене, значи не ме сакаш. Ако ме сакаш, значи да си добар. Ако не ме сакаш, значи дека си лош.

Што е поголема желбата за поседување, всушност желба за возвратена љубов, тоа е посилно влијанието на нерамномерната сила, која ќе направи се’ ‘лошо’. Љубовта без услови, без право на поседување, не создава однос на зависност и генерира создавачка, позитивна енергија

извор: econet.ru

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: