Сакаш бившиот да се врати, бидејќи се изгуби себе (покрај него)

Понекогаш имам чувство дека големата желба за враќање на бившиот кај жената е како желба за благо, посебно за чоколадо. Се бориме против тоа, знаеме дека не треба да јадеме шеќер, знаеме дека тоа ќе ни ги заплетка плановите со диетата и дека тоа значи половина час повеќе вежбање во теретана, но сеедно не можеме да одолееме.

Понекогаш успеваме. Помислуваме дека конечно ја победивме својата природа и никогаш нема да посакаме слатко, но секогаш имаме и фаза ‘а зошто да не?’

Така е и со врските. Се вљубуваш, па е се’ така лесно и убаво. Се’ додека романсата не се претвори во токсична врска која одеднаш ќе се распливне, бидејќи него му ‘треба простор’ а ти се чувствуваш како некаде по пат да си згуби половина од себе.

И го сакаш назад. Го сакаш иако не се вклопувавте еден си друг и знаеш дека тоа не е добро за тебе. Исто како што не ти треба шеќер толку многу за вечера. Но сакаш…бидејќи желбата е поголема од разумот, бидејќи имаш виножито од емоции кои врескаат дека само со него повторно ќе се чувствуваш жива и посакувана. Ти просто мора да имаш некој за да се чувствуваш вредно. А не сакаш некој нов, го посакуваш токму него и всушност ти нему ќе му докажеш дека си создадена за него.

Но, работите не функционираат така. Не го ставаш својот живот на чекање за да го фатиш возот наречен ‘бивши’ кога тој ќе се сети. И посакуваш во тоа време додека не се слушате, сите ваши проблеми со некоја магија да се решат сами.

Ако не работите на себе, поради себе, вие и понатаму ќе бидете исти луѓе дури и ако се смирите. И проблемите кои ги имавте и понатаму се тука.

Сите посакуваат расплет како во романтичните филмови. Тој конечно да сфати што изгуби, па некаде меѓу состаноци да излета на улица, да купи најубаво цвеќе и да го претрча половина град тоа да ви го каже. И секако да живеете среќно до крајот на животот.

Во стварноста луѓето се сомнителни. Се прашуваат дали тој бившиот и понатаму е истата личност со исти мани и исти драматични испади?

Раскинувањата се болни. Со секој си заминува дел од нас. Дел од нашите идеали, дел од нашите соништа, дел од желбите кои ги имавме. Ја изгубивме сликата за нас, какви бевме во таа врска и идејата- кој треба да бидам. Губиме цел еден идентитет. Идејата сеуште постои дека сето ова што во нас се скрши со таа загуба, повторно ќе се врати на старо. Но често, откога ќе му се вратиме на бившиот, тоа значи само ново кршење.

Марк Мансон, еден од моите омилени автори во својата статија ‘How to let go’ напиша дека со загубата на односот ја губиме смислата. Онаа смисла која самите себеси си ја даваме преку односот. Поради тоа секој ден изгледа како огромна црна дупка во која тонеме, бидејќи сонцето е некаде далеку, излегува таму каде личноста која бездушно не’ напушти.

И ни треба време во себе да изградиме мостови до некои драги вредности, до сеќавањата, кои бевме и кон што тежнеевме за нас самите, не за оној другиот. И дека животот е тука, оди понатаму. А тоа единствено можеме кога ќе одболедуваме и отпуштиме. Бидејќи се’ додека грчевито се држиме за идејата за некој ние стоиме во место, во туѓа дупка без дно.

Затоа не верувам во чекање и празно надевање. Луѓето ја чувствуваат нашата енергија и тоа ги одбива од нас. Ги одбива тешка, мрачна енергија која од нив бара да направат нешто, да се променат, да се вратат и да направат се’ за да бидеме среќни. Луѓето одат таму каде што има радост

Поради тоа, кога ќе ја насочиш енергијата на себе и својот живот, кога ќе заборавиш дека некои луѓе воопшто постојат, кога ќе живееш со полни гради, тогаш луѓето ќе се сетат, па и бившите ќе тропнат на врата. Не затоа што седеше и чекаше, се надеваше и тагуваше, туку затоа што живееше.

Тоа е одговор на прашањето ‘Кога тој ќе се сети на мене?’ а најчест одговор е: ‘Сега кога повеќе не го посакувам, не ми треба и не ми паѓа на памет да бидам со него- тој се јавува!’

Марија

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: