Ти простувам затоа што те сакам, но заминувам бидејќи повеќе се сакам себеси

Секоја личност пред да изјави љубов и чувства кон друга личност, секој ден треба да си каже себеси дека се сака и дека заслижува да биде среќна.

Понекогаш не е лесно, но е неопходно да се раздвојат овие две врсти на љубов, да се раздвојат потребите на секој од нас посебно и во пар. Ако некогаш сте се нашле во ситуација кога мора да ја напуштите личноста која ја сакате, бидејќи врската со него ви задава повеќе болка отколку што ве прави среќни, знаете колку е тешко да се донесе таква одлука.

Ако боли тоа не е љубов. Љубовта треба да биде убава, утешна и мудра. Само личноста која се сака себе е во состојба да сака друга личност со својата душа. Оние кои немаат љубов кон себе, не можат лесно да воспостават здрав и искрен однос со друга личност.

Љубовта се гради од ден на ден, но за тоа мора да постои подготвеност од двете страни. Оние кои не се во состојба да се сакаат себе, посакуваат другите да ги задоволат нивните недостатоци и емоционални потреби. Често, кога ќе се вљубиме во личноста која не знае да се сака себеси, веруваме дека сме нивни спасители и дека сме ние одговор на сите нивни страдања.

Меѓутоа, се случува на крајот да бидеме емоционално исцрпени до таа мера што забораваме на себе. Ако сакаме на некој да му дадеме љубов која ја заслужува, мора да биде во состојба да се сака себеси доволно. Зрелата врска е однос во кој две страни не се уценуваат една со друга, каде не постои ‘твое’ и ‘мое’.

Во зрела врска можеме слободно да се сакаме себеси, бидејќи ако се сакаме себеси нема да ги присилуваме другите да ги гушат нашите стравови, да ги надоместат нашите недостатоци и да бидат наши спасители. Без оглед на причината која доведе до вашата одлука да ја напуштите саканата личност, треба да бидете во состојба да простите.

Тоа нема да биде секогаш лесно, можете да се соочите со многу болка, но тоа е можеби единствен начин на кој можеме да ја завршиме фазата на нашиот живот. Љубовта кон себе ни овозможува да делуваме зрело дури и во најкомпликуваните ситуации.

Често личноста која има ниска самодоверба останува во токсична врска од страв од осаменост и од страв да ја напушти личноста која ја сака. Најчесто остануваат во таква врска и тогаш кога не се среќни. Не смееме да се најдиме во таква ситуација.

Љубовта кон себе ни дава храброст да се дистанцираме од личноста покрај која знаеме дека за нас нема иднина. Ни дава храброст да ја напуштиме врската која е неодржлива и која ни создава повеќе болка и солзи отколку радост. Да си кажеме дека се сакаме себеси и дека заслужуваме да бидеме среќни а тоа нема да ве направи себични- запомнете го тоа.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: