Неизбежно те сака оној кој ти ја познава душата

Кога повторно ќе размислам, сега, во срцето ми експлодираат бескрајни, силни емоции, на кои не можам да им го одредам значењето, затоа што најдлабоките чувства имаат право да постојат само во нив самите и никаде на друго место. Уште помалку постојат во логиката, а најмалку во вистинските случувања.

Те сакав како никој порано и знам, никогаш повеќе нема ниту да сакам. Те сакав во временско растојание кое не може да се одреди во стварноста, можеби затоа што ниту денес не разбирам, дали се сакавме некој месец или година, еден миг или цела вечност.

Можеби отсекогаш си била во мене, како дел од моите најискрени соништа и потреби, како цел на мојот вечен копнеж, како сеќавање на сатарата замисла на моето детство, на разочарано дете.

Те сакав, не само поради раскошното богатсво кое го внесе во мојот живот, или поради капењето во духовната чистота кога со тебе го поделив својот внатрешен живот, туку поради тоа што го открив оној дел од мене кој отсекогаш сакав да го запознаам, а за кој знаев дека е врзан во мојата мрежа на срамежливост.

Неизбежно те сака секој кој те познава одвнатре.

Можеби поради тоа е невозможно да се избројат деновите кога бевме заедно (дали е можно чувствата да имаат големина на броеви во календарот) и ако мислам на тебе додека пишувам, не знам дали сум те видел последен пат минатата година, минатиот месец, ова утро или можеби само пред неколку минути.

Нешто од тебе остана внатре, нешто што е неосетливо на текот на времето, животните случувања кои се натпреваруваат во непотребно брзање.

Нешто што се чини тајно богатство на внатрешната убавина за која се фаќам кога имам потреба за светло, во денови кога небото над Ерусалим останува далеку и кога облаците на секојдневието се покриени со бои.

Понекогаш, навечер, од прозорецот на мојата соба, ги кревам очите кон небото, инстиктивно барајќи го небото од нашите денови во Ерусалим и сонувам дека повторно е тука.

Би сакал во твојот живот да има макар дел од убавината која умееш да ја дадеш на оној кој е покрај тебе.

Алберто Моравија

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading