Чист рез- одлука која ќе го скрши срцето, но ќе ти даде мир

Верувам во чисти резови. Во јасна одлука нешто да оставиш позади себе и дека на тој пат не сакаш потсетници. За места. Емоции. Личност.

Верувам дека приказните кои навистина завршуваат не треба да се преобликуваат во нешто ново и поинакво, бидејќи теретот на старото останува опиплив. Верувам во брз, директен, суров и до срж болен крај. Неопходниот крај ни носи мир. Не можеме со секој партнер да останеме пријатели после прекинот. Всушност со ретки можеме да бидеме коректни, бидејќи останува премногу емотивен багаж. Затоа, чист рез преставува слобода. Преставува нови почеток за нас, не некоја копија на однос која веќе го имавме а не можеше да преживее.. Глумењето на пријателство само преставува тампон зона за привикнување на нов живот, во еднина. И не му олеснува на оној кој посакува раскинување за полесно тргне понатаму.

Кога повеќе не му верувам на некој, за мене дилема не постои. Било да сме партнери, било да сме пријатели и колку и да си значевме и колку и да поминавме неволји заедно, јас барам чисто оддалечување.

Од друштвото, рутината, потсетници, тргање од социјални мрежи, бришење на бројот и раскинување на сите физички нишки, сите поврзнувања. И тој рез боли. Потсетува на тргање на фластер или шиење на рана од која уште тече крв. Но, после неколку потези останува само олеснување.

Нема сопнување од заедничките работи. Нема дружења со заедничките пријатели кои поставуваат напорни работи или се обидуваат на сила да ве смират, нема случајни непријатни средби на места каде се одеше заедно.

Чистиот рез е уметност на одболедување и дар за оние храбрите, оние одлучни во намерата вистински да тргнат напред. Отвора простор за нови луѓе, емоции, надеж, спомени и фотографии.

Мојот чисти рез почнува и завршува само со една реченица ‘За мене оваа приказна е завршена. Ти си за мене затворено поглавје. Ти посакуваме секое добро’. Горко, искрено, директно и без дилема. Без простор за расправа, прашања и можност за преговор. Крај.

Луѓето се шокирани кога тоа ќе го слушнат, бидејќи навикнале на приврзаност, нежност и многу топлина, на љубовта која ја давам додека градиме однос и нешто си значиме, додека се почитуваме, разбраме и наоѓаме решение. Кога тоа ќе го изостават и гледам дека ништо и никогаш нема да се промени, решението го барам сама.

Правам рез. Бришам. Продолжувам понатаму.

Многумина од вас страдаат долго и многу бидејќи не се подготвени да ги сечат односи кои ве цедат, а одамна престанале да бидат односи. Станале лекции кои не ги совладавте па од ден на ден од агонија во агонија, упорно ги повторувате.

Некои односи за нашата душа се мала смрт, кои ги подгреваме се додека не ги пуштиме.

Сакавме. Да, но таа љубов и’ припаѓа на минатото. Им припаѓа на луѓето кои повеќе не постојат. И ги пуштаме, ги погребуваме тие идентитети со кои сраснавме и си дозволуваме нови луѓе, нови искуства, бои, бакнежи и емоции.

Животот е толку поубав кога ќе си дозволиме тагата да биде само една емоција, а солзата канал кој го отпуштивме за да можеме да сакаме и живееме. И да бидеме среќни.

Марија

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: