Во вистински момент се’ доаѓа на свое место

Ќе почувствуваш мир кога конечно се’ ќе заврши. Кога ќе излезеш од маѓепсаниот круг во кој се вртеше, од кој се обиде да излезеш и се враќаше во него. Повторно и повторно.

Доаѓаат работите на свое место. Ќе се наместат коцките. Ќе се реши се’. Вака или така. Оштри резови, новогодишни одлуки, големи ветувања дадени на себе….не вреди.

Доаѓа тоа спонтано, тогаш кога му е време. Тогаш кога треба да дојде. Твое е да бидеш трпелива и да веруваш. Ќе почувствуваш после се’ олеснување. Како кога после долг ден на штикли ќе облечеш балетанки. Како кога после напорното патување ќе дојдеш дома и ќе си легнеш во твојот кревет. И знаеш, добро е. Заврши онака како што требаше. Таму си каде што треба да бидеш.

Сања

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: