Како да се преживее кога си слободна девојка после долга врска?

Пред и сама да станам- ‘девојка после долга врска’ често се прашував зошто токму тие стануваат сочен мамец за сите градски момци. Никако не ми беше јасно, зошто не ја остават на мир?

Кога станав дел од клубот на такви девојки, тогаш проблемите почнаа. Се’ што слушнав, видов, не можеше да се спореди со нападот кој се случи кога се дозна дека ‘онаа малата ‘ е слободна.

Момците за кои никогаш не би рекла, одеднаш добија ветер во грбот и си дадоа за право повеќе отколку што е дозволено. Се подрабира дека сега мора да излегувам со нив, бидејќи секогаш беа тука до мене и дури бев зафатена. Просто стана опасно да се излегува со ‘пријател’ на кафе или не дај Боже навечер во град.

Веднаш следниот ден почнува приказната ‘да, да сега сме заедно’ а за врска ниту има некакви трагови. Преку ноќ стануваш популарна и позната, а до тогаш си само една повеќе, неважна и отпишана како пропаднат случај бидејќи си ‘заглавена’ во долга врска.

Ќе се дотераш бидејќи си свесна женска личност која тоа отсекогаш го правеше и стануваш главна табу тема. Па почнуваат прашањата: ‘А зошто ти се средуваш кога немаш дечко?’ и ти така остануваш во чудо, прашувајќи се дали тоа утрото требаше да станеш од креветот и да си го расипеш мирот.

Кога ќе им кажеш дека тоа го правиш поради себе, само и единствено и исклучиво поради себе, те гледаат со потсмев како токму сега да излезе од вселенското летало, а не дека кажа нешто што треба да е нормално. Штом ќе се свртиш, почнуваат сожалувањата дека си толку очајна и тажна што мора тагата да ја надоместиш со тоа што изгледаш убаво и да се нашминкаш. Никако да го прифатат оној твој одговор, бидејќи едниствени прифатливи опции се- расплакана и напуштена или ‘се дотерува за да си фати нов дечко’.

Почнуваш да се прашуваш дали залута во друга димензија или ја промаши планетата.

Е па не! Не морам јас ништо. Не морам да ве слушам вас ‘насекирани и лигуши’, кои мислите дека ќе ви бидам интерсна бидејќи досега бев недостижна или дека сум цвет кој до сега не го опрашивте.

Не мора да се затворам во соба за да ги избегнам сите коментари, глупости кои никако не ги посакувам. Не мора да бегам од улица бидејќи некакви херои сакаат да ја спасат расплаканата лепотица од осаменост и теретот кој го носи. НЕ МОРА!

Она што мора е сите убаво да ве избришам. Она што мора е да живеам, уживам, сама ако така сакам или со некој ако така сакам. И тоа кога и на кој начин сакам. Ја сакам.

Сфатете дека девојка не раскинува врска бидејќи силно сака да испроба се’ со вас, туку тоа го направи поради себе, исклучиво и единствено поради себе, бидејќи сака да биде среќна, а никако со желба да се врткате околу неа.

Почитувајте нечија приватност. Престанете да го пикате носот во туѓите животи и наместо тоа работете на себе, бидејќи верувајте ми, имате работа многу. И запомнете, ако девојката е слободна тоа е затоа што одлучи тоа да биде. Толку.

А.М.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading