Кога се сака некој безусловно, се раѓа нешто што не можеш ниту да замислиш

Цел живот зборуваме дека жените се премногу гласни, премногу заводливи, премногу секси, премногу луди, премногу емотивни, дека се пречувствителни, дека не треба да бидат спонтани и треба да се смират.

Од друга страна, за мажите зборуваме дека се јаки, храбри достоинствени, дека ги жртвуваат сопствените желби, дека не се потпираат на никој и секогаш цврсто се држат. Секој од нас ја чувствува оваа борба во себе.

Кога ќе и’ кажеме на жената дека е ‘премногу’, тогаш можеби нема да посака да дојде до израз. Се плаши да пушти она што е диво во неа, да се стави себе на прво место, да го пушти својот глас.

Кога жената се сака во нејзината целина до сржта, тогаш таа ја открива онаа најнежна, најубава и најбрижна страна која не можеш ниту да ја замислиш. Тогаш ќе те сака, ќе те милува и ќе ти биде посветена.

Да се сака жената во целост значи да му се дозволи на интуитивниот и креативниот дел од неа да расте. Тогаш се раѓа изобилство, љубов, фантазија и реалност.

Кога на мажот му порачуваме дека треба да биде силен, цврст и стоички да поднесува се’, тогаш тој се чувствува дека може со нас да ги подели сите стравови, својата ранливост, својата несигурност. Да се сака мажот во неговата нежност, значи да се сакаат неговите слабости и стравови, да му се каже дека е сакан таков каков што е, тоа е она што раѓа храброст и сила.

Тогаш мажот е во состојба да се бори до последен здив за она што сака. Да се сака мажот во неговата благост значи да се отворите себеси кон неговата моќ и неговата страст. Тогаш се раѓа храброст, вера, чест и стабилност.

Секој од нас во себе има женствена и мажевна страна, а едноставно двете енергии ни овозможуваат да го сакаме светот околу себе. Оваа интеграција на душата ќе ја застане поделбата, стеавот, проекцијата и осудата.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: