Не се плаши од исходот. Не се труди да градиш кула од карти

Не можеш да запреш нешто што тргна да пука. Не можеш. Не се труј себеси со болка и тага. Биди среќна. Можеби така требало да биде.

Некогаш тагата знае да ги претвори тажните во среќни луѓе. Можеби не е исто како порано, можеби сега дури сфати. Не требаше да криеш и крпиш она што веќе почна да се кине. Само требаше да го пуштиш.

Пушти го.

Нека си замине, не можеш да запреш некој кој не сака да застане. Не може утрото побргу да дојде од зората. Кога ќе го пуштиш, биди среќна што замина. Не тагувај залудно. Насмевни се, земи најдобри штикли и заминувај кај својата најдобра пријателка.

Прослави го денот. Прослави што си конечно сама. Сега си слободна, сега си повторно дама. Знаеш дека можеш повторно да си дама. Знаеш дека можеш на себе да сметаш.

И знаеш, не ти е потребен никој со кој ниту пешки не си сигурна. Ти треба некој со кој ќе тргнеш и на пат на месечина, бидејќи е вистинскиот пат. Бидејќи има многу од оние кои ветуваат дека ѕвезди ќе симнат.

А малку се од оние кои ќе те кренат до ѕвездите. Малку се оние кои ќе се трудат и на месечина да те однесат. Малку се такви.

Но, кога погрешните ќе ги преболиш, дури тогаш такви ќе сакаш.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: