Зошто жените не ги почитуваат своите мажи?

Она што не му се допаѓа на мажите е секако кога жената нема почитување кон нив и тоа посебно во друштво на други луѓе.

Такво женско однесување им влијае на егото, па се прашуваат што не е во ред. На почеток таа беше нежна и мила жена, а потоа одеднаш ја чувствува нејзината негативна енергија и незадоволство. Зошто всушност доаѓа до оваа промена и што тоа влијае жената да го промени своето однесување.

Основната причина зошто жените добиваат чувство на огорченост па изразуваат непочитување е поради машката неодговорност. Во тие случаи жените потполно го оправдуваат своето однесување. Мажите стануваат мрзливи и неодговорни. Кога се жените првенствено во прашање, потоа обврските, децата, а и не сакаат да поможат дома.

Кога жените ваквото однесување ќе го почувствуваат на својата кожа, си поставуваат едноставно прашање ‘Кого јас да почитувам?’. Пред се’ сметаат дека таков маж не ги почитува нив. Жените можат да направат грешка на самиот почеток на односот, врската или бракот. Тогаш се подготвени од голема вљубеност и љубов кон својот избраник да покажат дека се’ можат и се’ постигнуваат.

Тука прават грешка бидејќи мажот нема да ги пофали, но ќе ја увидат нејзината способност и ќе почнат да подразбират дека таа може се’ сама. Потоа кога на жената после некое време таквото однесување и начин на функционирање ќе почне да и’ смета, склона е своето однесување целосно да го промени, добива чувство на бес и непочитување кон партнерот.

А за него е тоа чудно. Во овој случај вината им припаѓа и на двајцата. На жената, бидејќи си дозволи таков став од почеток, а на мажот бидејќи тоа максимално го искористи и се препушти на уживање, ослободен од сите обврски.

Според тоа, потребно е мажите сами да се запрашаат дали некаде погрешија. Ако имавте жена покрај вас која ве почитуваше и сега ја забележувате разликата, запрашајте се. Исто така, прашајте се отворено во што е проблемот и ако истиот можете да го решите.

Со таков пристап сигурно ќе добиете прилика за разговор и можност да го вратите почитувањето и добрата атмосфера. Некогаш е потребно само малку. Разбирање, подршка и искрен разговор. Вие сте сепак маж и глава на семејството.

Ја превземате одговорноста и учествувате подеднакво. Можеби и вие ќе реагирате да сте на другата страна.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: