Маж или само личност од машки пол?

Исто како што секоја жена себеси се нарекува дама, така и секоја личност од машки пол си дава себеси за право да се нарекува маж. И тогаш, не можам а да не се запрашам, зошто? Што им дава основа, кои параметри ги земаат за важечки кога е толку парадоксално, што зборот ‘маж’ и својата персона ја ставаат во исти кош.

Нема да си ја грешам душата, но не сте маж ако самите себе така се нарекувате. Маж ќе бидете ако тој епитет го добиете од вистинска жена. Тогаш ви се важи. Го повторувам она ‘вистинска’.

Мажот пред се’ изгледа така- како Маж. Убав ‘на око’. Она што е најважно е да имаат свој став. Свое мислење, свое однесување и култура. Важно е да ве почитуваат, да знаат кога треба да искажат чувства, бидејќи вистинскиот маж чувствата ги искажува. Сепак, да не претерува, значи за се’ постои граница.

Не сте маж ако кон жената се однесувате како ѓубре.. Жената мора да знае дека е сакана, дека сте тука во секој момент и секогаш може на вас да се потпре. Ако е покрај вас сигурна, сакана и среќна, тогаш ја исполнивте вашата мисија. Дури и ако сте половина од набројаното, имате шанси да станете вистински маж.

Не ја споредувајте со мајка, не приговарајте дека вашата мајка прави нешто поинаку. Таа не е вашата мајка. Таа никогаш нема да биде. И таа не сака да биде како вашата мајка.

Не е маж ако е кретен. Не е маж ако не се грижи за себе или за вас, ниту ако со своите 25 -30 и повеќе сеуште се крие зад мајка му. Може да биде нешто од него ако има добар темел.

Па среќно! На сите жени им посакувам еден вистински маж.

Александра

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: