Од машки агол: Не се сите мажи исти!

Мажите не изневеруваат. Не скокаат од кревет на кревет зад грбот на своите партнерки, не лажат. И покрај тоа што некои мажи тоа го прават, не смееме да генерализираме.

А тоа создава нов проблем, оправдување без причина. Жените влегуваат во односи со претпоставка дека сите мажи изневеруваат и тогаш тие се веќе на старт обвинети. Виновни се се’ додека не се докаже нивната невиност, а тоа многу тешко може да се докаже, бидејќи сите знаете кога ќе тргне добро познатата ‘сите се исти’ приказна. Тогаш секој маж ќе се најде во слепа улица наречена ‘јас сум поинаков’ што дополнително ја влошува ситуацијата. Клише на клише, тогаш дефинитивно и сигурно изневерува.

Јас сум маж кој никогаш не изневерува. Никогаш не сум дошол ниту блиску некој да изневерам. Никогаш не сум се вљубил во некој друг додека сум во врска. Никогаш ништо не направив за да ја нарушам нашата врска. Никогаш не мечтаев за други или флертував,

Сепак и покрај тоа што никогаш не сум го направил тоа, секогаш бев обвинет дека нешто направив. Речиси секогаш се случуваше во врска жените да не ми веруваат. Причина за тоа е што во врска влегував без претпоставки и се посветував максимално. Тие правеа само едно. Си мислеа во себеси: ‘Сите се мажи исти, изневеруваат и лажат’.

Дали е поради тоа што имам машки полов орган меѓу нозете, значи автоматски дека изневерувам? Сметам дека тоа не треба да биде така. Кога на една девојка и’ реков дека никогаш не сум бил неверен, девојката ми одговори: ‘Да, да секако, можам да замислам. Нормано дека тоа ќе го кажеш.

Кога излегувам на дејт обично сакам да дознаам работи за личноста со која сум. Наместо тоа поголемиот дел од дејтот поминува во мое правдаање дека не сум како другите и дека навистина не сум неверен. Кога ќе почнат да ми зборуваат дека сите нивни бивши биле неверни, се прашувам што тоа зборува за нив, а што за мене.

Не сакам да кажам дека нема разни кретени кои изневеруваат. Ги има многу. Ама има и добри мажи, кои се верни и кои се грижат за чувствата на жените. Што побргу го сфатите тоа, тоа ќе ви биде подобро во животот

Ајде да правиме нешто ново. Наместо да започнеме разговор со претпоставки, да пристапиме вака. Кажете си на самите себе: ‘Јас сум заинтересирана да дознаам нешто за тебе. Ти верувам, бидејќи не те знам и не ми направи ништо лошо во животот. И ти ми веруваш мене. Ајде да се договориме да си веруваме се’ додека таа доверба еден од нас не ја изигра?

После тоа разговарајте за се’, ама баш за се’. Само не за тоа како се сите мажи исти. Не се.

Single Dad Laughing

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: