Водич за мажите: Како успешно да ги избркате жените?

‘Ајде вози дечко’- му напишав во порака на еден досаден маж кој постојано ми објаснуваше какава сум. А има само една проста причина- тој воопшто не ме интересира. Па, тој заклучи дека треба многу да ме навреди, бидејќи ќе го постигне посакуваниот ефект, да се согласам да се видам со него и да му дадам шанса.

Заврши во блок, како што претпоставувате.

Не е тој ниту прв, ниту последен. Од кога постојат социјалните мрежи, речиси секогаш ќе се залепи некој лик. Понекогаш тоа ќе бидат ОК момци, можеш да размениш некоја пристојна порака, понекогаш ќе се спријателите, а понекогаш ќе ти се крене косата на главата колку се напорни и досадни.

Суетата е грозна работа, посебно ако си од оние кои не можат да прифатат дека некој не ги доживува онака како што посакуваат. Поради суетата, таквите ликови прогонуваат некои девојки, само поради тоа што не се заинтересирани. Тоа се граничи со лудило и опсесија.

Парадоксот станува поголем бидејќи тоа во нашето општество е поддржано. Тој е упорен, ќе кажат многумина. Ако пак девојката покаже интерес за некој тип, таа е напорна и очајна. Иако веројатно ниту е досадна, ниту праќа нон-стоп пораки како дотичните ликови, ниту навредува и драми како овие другите.

Значи, таа е очајна, а овој фраерот е шмекер, цар или уште некој глуп прекар кој ќе му го даде неговото машко друштво.

Не знам како е со вас, но мене ми се палат сите аларми кога ќе забележам некој досаден тип по мрежите кои буквално излегува насекаде како паштета. После некое време на упорно досадување, а резултатите според него се ужасни, почнуваат наврдите:’ Иста си како другите’, ‘Што мислиш лепотице, дека си подобра од мене?’ ‘А, да, ти си една од оние…???? , ‘Алооо, зошто не пишуваш! Дај јави се! Види ја ти глупачата!!’ ‘Види ја само се слика и провоцира, како да има златна…

Па, момци драги, да заклучиме. Додека вие мислите колку сте драги и прекрасни, а всушност не ви е јасно зошти жените бегаат од вас и уште тврдите самоуверено дека ‘ситее жени се исти’ и дека ‘повеќе нема нормални девојки’, можеби е овој моментот да се преиспитате, посебно ако се препознавте во некои од овие примери.

Жените и понатаму сакаат искреност, внимание, нежност и пред се’ верност. Не сакаат да бидат третирани како глупачи и како предмети. А најмалку сакаат некој да се игра или ги прави будали.

Игрици, стратегии, манипулации и седење на две, три столици истовремено нема да ве донесат до нејзиниот кревет, туку таму каде што не сакате -во блок, со убав поглед на неа, среќна, во прегратка на некој попаметен маж.

Марија

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: