Кај секој фраер поминуваат исти финти. Ниту еден не е толку посебен колку што можеме ние да измислиме

Можеби не е вистина за секој од нас. Можеби оваа листа е листа на заблуди од која излегов во зрелите години или листа на она што не сакав да слушнам ниту да видам до сега. Додека пишувам, се чувствувам како да ги изневерувам своите идеали. Но, идеалите се идеали, искуството е искуство. Сигурно овие работи ќе ве налутат. И мене исто. Додека не ги прифатив.

1. Мажите сепак не ги сакаат жените на кои не им требаат многу пари. Што повеќе бараш од животот и мажот, тој повеќе ќе дава. Ако бараш малку од животот, ако бараш малку пари, секогаш од животот, од работата и од мажите ќе добиваш малку. Скромноста е голема мана. Беше заблуда дека е доблест.

2. Врска со многу помлад маж сигурно ќе се распадне. Беше заблуда дека годините не се важни.

3. Старските муабети за односот меѓу мажот и жената не се глупости. Многу често се сурова вистина во модерното општество. Затоа кога баба ќе каже нешто – верувај и’. Не се глупости.

4. Мајката никогаш не погрешила во проценката на пријателките. Беше заблуда дека греши.

5. Мажите (кои ги користат) не ги мразат проститутките и спонзорушите. Многу од нив ги третираат подобро отколку своите жени.

6. Беше забллуда дека скромните мажи се добри луѓе. Кога ќе го завртам филмот, најлошите фраери кои ги имав беа автодеструктивни кретени. Мажите кои се способни да заработат, сопсобни се и за се’ друго.

7. Не треба да се останува во врска со психички пореметени и нестабилни личности. Не треба да се обвинувате себеси за напуштање на таквата личност.

8. Босите нозе на плочки, навистина имаат врска со воспалението на мочните канали. Беше заблуда дека мама лаже.

9 Пријателката која најмногу ви приговара поради вашата лоша врска има многу полоша врска од вашата. Заблуда е дека пријателките ни зборуваат се’.

10. Кај секој фраер поминуваат исти финти. Ниту еден не е толку посебен колку што можеме ние да измислиме

Leave a Reply

Up ↑

%d