Луѓето со мрачно расположение- како да се комуницира со нив?

Има луѓе покрај кои се чувствува некоја невидлива негативна присутност, која се прелева надвор, која е како црна дупка. Во оваа дупка се вовлекуваат сите кои се блиску до таа личност. Нејзината енергија е многу тешка, а комуникацијата може да биде вистински предизвик.

Наместо ‘здраво, како сте?’, таквите луѓе обично прашуваат ‘Каде заминавте? ‘Зошто ме заборавивте мене?’ Тоа се оние луѓе кои по интимниот однос загрижено ги гледате во лице и ги прашувате. ‘Зошто молчиш? Дали е се во ред? Дали нешто ти смета кај мене?’ Таквиот партнер дури и после најинтимниот однос одеднаш станува мрачен и ладен и делува потполно незаинтересирано за вас. Не се труди ништо ниту да објасни. А вие останувате во неверица.

Ако таква личност одеднаш и по некое чудо се ожени/ омажи, тогаш неговиот внатрешен оган на љубовта за чудо ќе се разгори за кратко и многу бргу се гаси. После кратко време партнерот ќе сфати дека тој нема доволно нежност и му го поставува она фамозно прашање:’ Не разбирам дали ти воопшто ме сакаш?’

Вознемирувачките прашања која почнуваат да се нижат полека оставаат голем простор за расправии и непријатни обвинувања. А на тој маѓепсан круг никогаш му нема крај, бидејќи помеѓу партнерите почнува да се губи искрена и квалитетна комуникација. Не се стигнува никаде, се тапка во место.

Важна е комуникацијата помеѓу партнерите за надминување на оваа сосотојба. Љубов пред се’, убави зборови, ако сакате вашиот однос да оди во вистинскиот правец. Не можете ништо на сила. Комуникацијата е многу важна, ова е време да се запрашате дали вашата врска, брак или пријателство има смисла.

Ако сте среќни и ќе кажете нешто убаво кога ќе ги видите своите најблиски, тогаш нивното однесување се менува на подобро. Ако користите негативни фрази, тогаш се прекинува нормалниот однос.

Ако навистина сакате да искажете нешто што не одобрувате или нешто што ви смета, користете тактика со следнава реченица:’Како така добар човек може да направи нешто лошо’? Ако сакате комуникацијата да биде глатка и нормална, бирајте вистински изрази.

извор: econet.ru

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: