Ако неодамна ја расикина врската- ова е текст за тебе

Само сакаш да плачеш и да спиеш. Се чувствуваш целосно скршено. Чувствуваш како срцето буквално ти се крши. Имаш камен на градите. Имаш чувство дека ќе повраќаш кога ќе помислиш на храна, на него или спомените кои ги создадовте.

Размислуваш за минатото и иднината истовремено. Се’ што мислеше дека имаш стана ништо. Немаш енергија да станеш од кревет. Кога се тушираш, водата те охрабрува да плачеш уште повеќе.

Кога некој ќе те праша како си, долго ти треба да составиш одговор и не кажуваш баш како се чувствуваш. Лажеш и продолжуваш по својот пат, едвај се воздржуваш да не заплачеш. Живееш во магла, се обидуваш да функционираш и да не плачеш на работа. Прекините се најлоши.

Кога прекинот е свеж, тешко е да се видат позитивните страни, но полесно е со утешните зборови. Еве некои цитати кои можат да помогнат полесно да се носиш со прекинот.

  1. Похрабра си отколку што веруваш, посилна отколку што ти се чини и попаметна отколку што мислиш.
  2. Неверојатно е- срцето не произведува звуци додека се распаѓа.
  3. Секој сака да се вљуби. Но, мислам дека повеќе луѓе се вљубени во идејата за љубовта. Кога гледаш однадвор, се’ е тоа прекрасно. Одвнатре е застрашувачки, бидејќи може да ти го превземе животот. Љубовта е истовремено најсилна и најмрачна емоција. Поради неа можеш да лебдиш со денови, а за помалку од минута, таа може да те направи роб во окови.
  4. Болката ги менува луѓето, поради неа луѓето помалку веруваат, премногу размислуваат и ги исклучуваат луѓето од животот.
  5. Животот е суров кон оние кои имаат добро помнење и нежно срце.
  6. Не дозволувај приоритет да ти биде некој на кој ти си му само опција.
  7. Штета е кога девојка која веруваше во бајки и магија, да се бори со демони во својот ум и да се плаши дека никогаш нема да биде сакана.
  8. Како е да се изгуби саканиот? Како повторно да се простуваш со секоја личност истовремено.
  9. Никогаш не се доведувај во ситуација во која не си сигурна колку си важна во животот на друга личност.
  10. Некогаш не ни е судено да преболиме некој и едноставно мора да продолжиме живот попразен од порано.
  11. Дното кое го достигнав стана цврст темел на кој изградив свој живот.
  12. Најлошо чувство е да сакаш да плачеш, а мораш да се воздржиш бидејќи си во јавност.
  13. Не сакаме да се повредиме еден со друг, но тоа го правиме. Можеби не е ниту важно колку сме вистински еден за друг, секогаш по малку ќе бидеме погрешни.
  14. Беше доволна за него, дури и премногу, можеби него му треба помалку од доволно, а ти заслужуваш повеќе.
  15. Сакам да бидам среќна со тебе, но нешто во мене ми вели дека не те заслужувам.
  16. Научив, колку и да ти е скршено срцето, светот нема да застане поради твојата тага.
  17. Една од најхрабрите одлуки која можеш да ја донесеш е конечно да го пуштиш она што го тишти твоето срце и душа.
  18. Помеѓу она што се кажува- а не се мисли, а она што се мисли- а не се кажува, многу љубови умреле.
  19. Ме боли. Не знам точно каде, но тоа е онаа тапа и досадна болка во душата длабоко.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: