Ја заслужуваш љубовта за која отсекогаш сонуваше

Ако се чувствуваш осамено, ако сама се бориш низ денот…

Ова е за тебе која однадвор изгледаш како лавица, јака, силна, а во тебе си слаба и кршлива. За тебе која почнува да верува во својата лажана насмевка. Ова е за тебе драга, која никогаш не се откажува.

Ова е за тебе која пеколно се бори, без оглед на тоа што животот носи. Ова е за тебе, која ќе стане секогаш кога ќе падне. За тебе која не се согласуваш на помалку од она што го заслужуваш.

Ова е за секоја жена која се залага за нешто поголемо од себе. За жената која ќе вресне ‘зошто јас’. Ова е за храбра жена која не се чувствува секогаш одважна. Ова е за жена која се насмевнува во текот на денот, а плаче пред спиење. За тебе која не мислиш дека си доволно добра, доволно убава, доволно паметна. Ти која мислиш дека не заслужуваш среќа.

За тебе која понекогаш чувствуваш дека е премногу. За тебе која премногу се грижиш, за тебе која им се даваш премногу на другите, која премногу се трудиш, која добро ги познава разочарувањата. Овие зборови се за тебе која сакаш премногу, посебно оние кои не заслужуваат. За тебе која толку дава, а на крајот останува само со срце скршено на ситни делови. За тебе која си скршена за да сакаш одново. За тебе која се бориш сама со себе и непотребно одиш надолу.

Ова е за тебе која верува дека може да го промени светот, за страствена жена. За тебе која се сакаш, за која никој не треба да се грижи. За тебе која може се’ сама, за тебе која си независна и силна.

Тоа е за тебе која никако да ја победиш. За тебе која стана блиска пријателка со болката и одбивањето. Која се труди и труди и на крајот ќе биде повредена. За тебе која не може да освои успех. За секоја жена која во себе се сомнева, која не е сигурна за своите способности. За тебе која понекогаш се мразиш. За сите жени кои беа емоционално убиени и успееја повторно да најдат љубов за оние од кои беа изневерени.

Ова е за тебе за да знаеш дека не си сама, не’ има уште. Ова е да знаеш дека си вреднаа, дека постоиш и имаш цел. Постоиш бидејќи на некој ќе му бидеш се’. Да се потсетиш дека си доволна, дека си прекрасна, дека си доволно паметна, доволно добра, дека можеш да постигнеш се’ што сакаш да постигнеш.

Заслужуваш да бидеш сакана. Заслужуваш љубов која отсекогаш ја сонуваше. Не си сама и никогаш нема да бидеш сама.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: