Зошто свесно страдаш за оној кој не те сака?

Во времето на страдање всушност можеш да чувствуваш љубов од самиот себе, бидејќи тој дел те разбира, подобро те разбира од било кој. Да се биде оставен, всушност значи да се посветиш себеси, а добро знаеш дека не можеш да бидеш оставен, ако те остави некој кој не сакаше да биде дел од тебе.

Сепак, имаме инфериорна навика, страдаме во чувството на очај гледајќи во небото, очекувајќи помош некој да не’ поддржи во нашата глупост, наместо да почувствуваме благодарност што небото или некој во нас не’ спасил од поминувањето на остатокот на животот во бесмисленост и самосожалување.

Сепак, луѓето се определуваат за многу безвредност. Лесно ќе се вовлечат во обредот на одземање на животот и обезвреднување на убавината на животот. Како уметноста те обогатува, така на другата страна на човечката глупост банализира и ослепува.

Водењето на љубов човекот може да го воздигне на пијадестал и да ја покаже убавината на љубовта, но сепак за него е полесно да го обезвредни и да се прогласи одвратно. Затоа славењето на насилството е начин на живот, бидејќи полесно е да се обезвредни отколку да се восхитува.

Разговорот може да биде љубов, но избор е да се дели она што носи прифаќање. Најважната работа на луѓето е да бидат прифатени. Кога си оставен се откриваш себеси, влегуваш во еден нов свет на уживање во изворот кој зборува, преполн со убави, искрени зборови, а од тој извор излегува многу неизречено, што само во тие моменти можете го регистрирате.

Зад очајот на почетокот на приказната, доаѓа чувство на достоинство, за се’ што посакувате во животот да стане стварност.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: