Месечен хороскоп за октомври 2022

Овен

За многу Овнови октомври ќе биде многу тежок период. Ќе се соочат со проблеми кои на прв поглед немаат решение. Интуицијата ќе ви помогне да се носите со хаосот во работата и грижите. Внатрешниот глас предлага што да превземете а што да одложите. Сепак, не се занесувајте со ситници. Изберете неколку значајни проекти и бидете во тоа. Во љубовта Овновите ќе посакаат да ги сокријат своите чувства и да не привлекуваат внимание на себе. Ќе бидете неочекувано срамежливи и нема да можете да превземете иницијатива. Но, вистинската љубов ќе чека колку што е потребно. Ќе сфатите дека многу ваши стравови ќе бидат неоправдани.

Бик

Во октомври на Бикот му се советува да не се брза, за да не се соочи со големи предизвици. Меѓутоа, претерано брзање не е во вашата природа. Попоплека но сигурно ќе се извлечете од сите судири и ќе најдете вистинско решение во сите сомнителни ситуации. На работа ќе ви значат советите на искусните. Помошта ќе дојде од каде што не очекувате. Шансата за промени во кариерата ќе се појават во другата половина од октомври. Во личниот живот се’ ќе се одвива нервозно и нерамномерно. Кратки периоди на меѓусебното разбирање ќе се заменат со кавга, а хармонијата со судир. Но, постои решение: не го губите трпението. Времето ќе постави се’ на свое место.

Близнаци

За Близнаците е време за брилијантни идеи. Се’ што ќе смислите во октомври ќе биде крисно и едноставно. Затоа само напред, бидете креативни. Малку е веројатно дека е можно веднаш да се спреоведе планираното, но почетокот е веќе половина битка. Комуникациските вештини ќе бидат заменети со умор и раздразливост. Не се присилувајте себе да правите се’ и да им угодите на сите. Одморете се, опуштете се. Ако тоа не го направите, вашето здравје ќе трпи. Љубовта ќе биде испреплетена со работата. Некои Близнаци ќе можат да добијат преференци во служба поради својот шарм. Можно е убаво познанство преку работата. Уживајте, но не дозволувајте работата да трпи.

Рак

Во октомври Раковите лесно можат да пронајдат сојузници да спроведат било која идеја. Овој емотивен знак го чекаат профитабилни понуди и интересни проекти. Некои од нив се прилично неочекувани: можеби ќе морате да истражувате нови правци. На средината на месецот ќе биде потребна ваша одлучност и храброст да го одбраните својот став. Не се раководете по емоциите, одлуките треба да се носат со свеж ум. Многу Ракови се во искушение кога се работи за пари. Можеби ќе потрошите повеќе отколку што имате. Отплаќањето на долгот нема да биде лесно. Октомври е време за есенска романтика и убави ноќи во друштво на семејството. Во текот на овој период, во својот партнер ќе пронајдете се’ што ви е потребно за да се чувствувате среќни.

Лав

Октомври нема да донесе значајни промени. Меѓутоа ви се чини дека ќе ви се случи нешто што ќе ви го промени животот. На трагата на ова чувство ќе направите толку работи што ќе се надмашите самите себе. А наградата нема да ве натера да чекате. Втората декада од месецот ќе биде исклучително поволна за патување и стекнување на нови знаења. Патувањето ќе биде не само пријатно, туку и корисно. А стекнатите вештини и способности веднаш ќе почнете да ги применувате во пракса. Благодарејќи на тоа, вашиот авторитет во тимот уште повеќе ќе расте. Личните односи добро ќе се развиваат, но нема да биде можно потполно да се избегнат критичните моменти. Старите приговарања можат да бидат причина за несогласување. За да ја ублажите напнатоста, прво направете компромис. Вашиот партнер ќе ја цени вашата великодушност.

Девица

Најинтересните случувања ќе се одржат во првата половина на октомври. Она што се случува ќе ги наведе многу Девици на помислата дека заслужуваат повеќе од она што имаат. Успехот ќе им дојде на оние кои јасно ја формулираат целта и вложуваат напори да ја постигнат. На средината на месецот на Девиците ќе им биде тешко да се фокусираат на обврските и задачите. Можни се непредвидени доцнења и секакви недоследности кои прилично го расипуваат расположението. Можеби сте вмешани во туѓи интриги и ќе биде многу тешко да изградите своја репутација. За Девицитте на крајот од месецот поново ќе дувнат ветровите на промени. Тоа ќе влијае на сите области, но најмногу на оние во кои самите посакувате нешто да поправите. Во овој момент се можни големи парични приходи и профитабилни понуди.

Вага

Во октомври ќе имате многу за размислување и преиспитување. Ѕвездите ви даваат прилика одново да ги погледнете познатите работи и да ги преиспитате своите животни приоритети. Тоа може да доведе до речиси потполна промена во кругот на комуникацијата. На средината на Октомври Вагите ќе размислуваат за промена на работата. Ќе имате интересни понуди, но работите нема да се одвиваат едноставно. Внимателно носете одлуки за кои подоцна нема да се каете. Не фокусирајте се премногу на иднината- подобро размислете што можете да направите овде и сега. На љубовен план ве чека потполна хармонија. Во Октомври ќе можете да ја освоите личноста која ви се допаѓа, а пријатните познанста можат да прераснат во бурни чувства и нежни романтични врски. За оние кои сакаат промена на својот брачен статус, октомври ќе биде совршено време.

Шкорпија

Шкорпијата ја чека многу плоден и богат месец. Се’ ќе почне да се случува во еден ден. Обидите да се стави ситуацијата под контрола нема да успее. Пуштете текот на животот да ве води и прилагодете се на случувањата. Решенијата ќе дојдат сами по себе. На средината на Октомври можни се проблеми со парите. Можно е да се однесуваат на стари долгови, неоправдано трошење или даноци. Бидете практични кога станува збор за финансии. Во љубовниот живот вашата посилна страна треба да биде трпение и воздржаност. Ве очекуваат многу разговори, потребно ви е трпение.

Стрелец

Стрелецот во октомври ќе може буквално да поместува планини. Овој месец ќе биде еден од најуспешните оваа година. Ќе успеете да исполните неколку долгогодишни желби, фатете се во костец со негативните луѓе во еден залет и значајно подобрете го ја својата финансиска состојба. Но, не бидете арогантни: патиштата на судбината се променливи. Сочувајте го позитивниот дух и оптимизам без оглед на промени. Пријателите и семејството ќе ве развеселат. Крајот на месецот е време за грижа за куќата и животот. Во текот на оввој период големи вложувања во некретнини ќе бидат успешни.

Јарец

Јарците многу ќе постигнат ако не губат време. Во октомври ве очекуваат пријатни очекувања, напредување и нови почетоци. Втората декада од месецот ќе биде поволен период. Инспирација ќе ви дадат стари соништа и хоби. Во тертата декада Јарецот е во опасност да биде вовлечен во сомнителни проекти. За да ги избегнете проблемите, слободно речете ‘не’ таму каде што овој внатрешен глас ви шепоти. Држете со до планот и запомнете дека сите добри работи се едноставни и јасни, а таму каде што има необичност, секогаш нешто не е во ред. Последните денови во месецот најдете време за домашните работи. Не бидете претерано груби кон саканите- нив им е потребна поддршка.

Водолија

Во октомври нема да можете да ја избегнете гужвата. Ќе мора да завршите многу недовршени работи, како свои така и туѓи проблеми. Креативниот пристап кон се’ што се случува ќе ви помогне да напредувате. Но, сепак имајте на ум- со најтешките задачи ќе мора сами да се носите. Вашата упорност ќе ви помогне да успеете во кариерата. Не се расфрлајте со ветувања- се’ ќе мора да исполните, дури и да дуплирате. Водолиите кои работат со луѓе ќе можат многу да постигнат благодарејќи на својата харизма. Втората половина на месецот ветува патувања на кои Водолиите можат да ја сретнат својата сродна душа. Водолиите кои се во врска, со партнерот да најдат заеднички јазик.

Риби

Рибите треба да бидат трпеливи- очекувајте дека месецот ќе биде тежок. Вашата сила ќе биде тестирана од сите страни. На средината на месецот ќе посакате да се изолирате, да бидете сами, но при крајот на месецот ќе имате низа од позитивни доживувања. Третата декада на месецот ќе ви донесе низа успешни работи кои ќе ви донесат среќа. Последните денови од месецот се’ ќе дојде на свое место. Можете да направите многу за својата иднина, а посебно ви значи поддршака на саканата личност.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: