Да, те сакав..а сега пушти ме

Оние кои ги сакавме, а потоа се разделивме со нив- не е важно по чија иницијатива, ама по нивна вина-зошто се враќаат? Човекот кој пред година или пет, го скрши срцето мое, од кој на колена заминав молчејќи, мразејќи или простувајќи -не е важно, кој не е заборавен ниту ден денес.

Како може да се заборави отстранувањето на слепо црево, дури и после зацелувањето, барем поради лузната. Оној кој јасно стави до знаење дека е се’ готово- се враќа. Зошто?

Еднаш месечно или на шест месеци, но обавезно добивам од него порака, мејл, повик..Тој само сака да знае како сум, сака да се пофали со уште еден успех, па следи покана за кино…да преспие со мене или повторно да ме избрка по ѓаволите.

Јас не можам повеќе, цел живот умирав од збунетост и не страдам само јас- затоа што е веќе крај, крај, готово е- тој е оженет, јас омажена, грдите зборови се одамна искажани, извинувањето дадено. Одамна сум рамнодушна, но и понатаму ме боли.

Такви се работи, драги мој- се’ се сведува на контраиндикации, одамна сум рамнодушна, а понатаму ме боли.

Неубедливо? Но, тоа е она што го чувствувам. Кога некој ќе засакаме, го отвораме своето срце, едносмерен канал на неколку мегабити, кое е невозможно да се блокира. И секој, бивши драги, одлично ја чувствува фрекфенцијата и од време на време, бира број за да праша: ‘Сакаш да одиме на кино?’

Јас одговарам: ‘Јас не сакам во кино. Сакав да поминам со тебе половина век, да родам син, кој ќе личи на тебе и да умрам со тебе, еден ден. А кино- не, не сакам’. Но, на глас секако, ги изговарам само првите пет збора. Но, приказната е секогаш иста: тој се јавува за да ме праша: ‘Дали ме сакаше?’ И јас одговарам: ‘Да’. Да драги, да кретен еден; само -да.

Одамна сум рамнодушна и понатаму ме боли. И понатаму го дисконектирам срцето, после секоја конекција. Не знам што да направам, за да престанат да не’ измачуваат овие маченици. Можам да бидам љубезна, да викам, да не се јавувам на телефон, но во мислите, тој сеедно ќе слушне одговор на своето прашање:’Дали ме сакаше?’- Да. На мир оставаат само оние кои никогаш не сакале. Поточно, ако и се јавуваат, едноставно тоа не го забележуваат.

Заклучокот сам се наметнува. Можеби треба сама да праќам пораки еднаш месечно? Трошокот е мал:

Те сакав. А сега смири се. А сега пушти ме.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: