Како да се исцелите? Мора да се подготвиме на полошо, пред да стане подобро!

Ако моментално поминувате низ процес на исцелување од некоја траума или скршено срце, прочитајте го ова.

Понекогаш мора да бидеме подготвени да се чувствуваме полошо пред да се чувствуваме добро. Понекогаш мора да се изгуби надеж дека работите можат да бидат подобри пред да станат токму такви.

Понекогаш исцелувањето вклучува престој во присутноста на телото додека силни бранови на чувствува трчаат низ него. Понекогаш телото се тресе, се грчи, боли и се поти кога сака да се ослободи од отровот и да се ослободи од потиснатата енергија.

Умот тогаш ни зборува дека состојбата ни се влошува. Дека подлабоко заминавме. Но, срцето знае дека е право. Вистинското исцелување не е во лечење на симптомите, туку во изградба на храброст и доверба, поврзување со духот и сознанието дека тие симптоми можат да се зголемат пред да исчезнат.

Но, можеби никогаш нема да исчезнат…но сепак можеме да се сакаме себеси онакви какви што сме и да бидеме благодарни на подарокот кој ни е даден. Кој не’ увери дека со нас нешто ‘не штима’?

Можеби тоа ‘пропаѓање’ во суштина е најдобрата работа која ни се случи- бидејќи предизвика да ја перципираме присутноста на љубовта појасно отколку порано, а нашиот пат никогаш не беше поприсутен.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: