Од денес бирам слобода! Од се’ што ме кочи

Многу научив од минатите врски. Моето скршено срце всушност нема да ги смени луѓето, а јас не сум исклучок-тоа е неизбежно. Научив како да тргнам понатаму, како да се биде храбар, научив колку е потребно да се почитувам себе и да излезам од врска која не води никаде. Научив дека сум јака и дека болката ќе помине. Ќе треба време, но на крајот ќе тргне понатаму.

Една од најголемите мои грешки е угодување на другите, всушност на сите кои ги запознав. Моите пријатели, моето семејство, соработниците, колегите, на сите! Гледаш, моите гестови потполно ги исполнија туѓите очекувања, но не мора секогаш и на сите начини кои тие ги посакуваат да им угодуваш. Жено, биди си себеси на прво место.

Ако не се чувствуваш пријатно или едноставно не сакаш да направиш нешто за некој друг, само кажи Не! На тебе е изборот. Верувај дека тогаш луѓето повеќе ќе те ценат. На почеток ќе бидиш чудна, но ќе се навикнеш.

Иако страдав од депесија, бирам слобода од тоа. Видиш, борбата со депресијата е тешка, но не дозволив да ме конролира. После се’ што поминав, слабост е она што јас не сум. Сета тага од неуспех, од одбивање. ќе остане во минатото, бидејќи од денес, одлучив да оставам зад себе и нема да се свртувам назад.

Работите кои ги оставив зад себе мора да останат таму. Бирам слобода од сите нив од денес. Нема да добиете ниту ронка повеќе од моето внимание. Нема повеќе грижа, нема плачење, нема повеќе ништо. Тие се моето минато и се’ ќе остане таму. Блокирани се сите од сега, така што не можат да ѕирнат во мојот живот.

Бирам слобода за мене и за мојот живот. Време е да почнам да ги исполнувам и да им приоѓам на своите цели, соништа.

Време е да почнам да живеам за себе, да живеам живот каков од секогаш посакувам, оној во кој сум предодредена да го живеам и да престанам така да се грижам за другите.

Толку многу сме поврзани со своите грижи, што не забележуваме колку убавини има околу нас, не сме среќни со мали работи, постојано нешто посакуваме повеќе, па кога тоа ќе дојде тогаш ќе бидеме среќни.

Што ќе направиш ако некој ти каже дека твојата најголема желба нема никогаш да се исполни? или ќе се исполни за две години?

Живеј сега, ова е твое време. Слободна си.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: