Се вљубивте во Близнаци? Што може да се очекува од нив?

Љубовта не е лесна за Близнаците што постојано се менуваат. Тие имаат толку многу страни на својот карактер, што тешко им е да најдат една личност која е компатибилна со сите нив. Постои проблем и со нивната желба да флертуваат. Ова е една од нивните најомилени активности, а тие уживаат во сè од ненамерни погледи, до страсни сексуални пораки.

Тие обожаваат да играат игри и неретко се забавуваат со умот на луѓето околу нив само за да не им биде здодевно. Проблемот е што не се добри при препознавањето на обичен флерт за забава и нешто посериозно. Ним им е потребна сродна душа што ќе биде нивен соиграч, а уште подобро ако разбира дека флертот не е неверство.

На Близнаците може да им се случи и во еден момент да се од глава до пети заљубени во една личност, а веќе следниот да го изгубат интересот и да преминат на следната. Иако тие се способни за долгогодишни врски, најчесто повеќе запаѓаат во исцрпувачка серија на афери или бракови, што завршуваат исто толку брзо колку што и почнале. Нема средина со нив.

Дел од Близнаците е во постојана потреба за вечна љубов, но имаат ист толкав дел што гладува за слобода. Сè додека не ја задоволат својата жед за различност, нема да престанат да ја играат играта. Нивниот романтичен вкус е див и непредвидлив, па неретко се наоѓаат во врска со стриптизери, порно ѕвезди, циркусанти и поранешни осуденици, меѓу кои знаат да запознаат и брокери, религиозни лидери или странски државници.

Па, кој е совршениот пар за нив? Единствената личност што може да им го освои срцето и да им го смири нескротливиот дух е млада во душа, со отворен ум, што постојано го проширува својот хоризонт и го дели истиот авантуристички дух. Личност што ќе ги држи на работ, додека истовремено ќе бара од нив и постојаност.

Со оглед на тоа што со знакот на Близнаците владее комуникацијата, тие исто така треба да имаат крај себе и личност што обожава да зборува, да нафрла идеи и да го одржува нивното темпо во дебатите. Потребно е во љубовта да најдат некој што е на ментално ниво ист како нив. Откако тие ќе си го најдат својот соиграч, стануваат неверојатно лојални!

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: