Станавте пребирливи? Не сте единствени

Со текот на годините станувам се’ повеќе пребирлива. Помал е списокот на работи кои ги посакувам. Добро здравје на сите, доволно пари, доволно време, доволно забава, доволно работа. Доволно е таман.

Меѓутоа, списокот на работи кои не ги сакам станува поголем. На врвот е непотребната драма. Со годините се повеќе станувам свесна дека можам да се носам речиси со сите предизвици кои животот ќе ми ги подготви. Сфаќам дека работите можат да се решат со смиреност и јасност. И се повеќе сфаќам дека не треба да бидам дел од драмата- кој и да е и што и да е. Всушност можам да ја откажам ‘претплатата’ на било чија драма кога и да посакам. Прилично е ослободително.

Може да се каже дека станувам многу пребирлива, но вистина е дека станувам свесна за тоа што НЕ сакам во својот живот и се повеќе сум усогласена со својот вистински пат. Сега знам ако нешто ме чини од сопствениот мир, тоа е сигурно прескапо.

Животот е краток, затоа своето време и енергија треба да трошиме мудро.

Дона

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: