Време на Вагите. Што ве очекува?

Што ги очекува хороскопските знаци?

Овен

Вие сте огнен и енергичен знак, но Сонцето во Вага ќе ве мотивира да се одморите, да успорите и да ги наполните батериите. Ова чувство е веројатно засилено бидејќи наскоро Марс, вашата планета, ќе почне да се движи ретроградно. Марс нема да биде официјално ретрограден до 31 октомври,но вие ќе почнете да ја чувствувате оваа енергија многу порано. На 25 септември, младата Месечина во Вага би можела да донесе значајна врска во вашиот живот. 

Можно е да дојдете и до нови информации кои биле скриени од вас или кои би можеле да ги сменат вашите чувства во однос на некоја ситуација. Пробајте да не брзате никаде, туку мирно да ги донесувате одлуките и така да делувате. Полната Месечина на 9 октомври ви носи свежа енергија и многу нови идеи. Ова е и можност да се ослободите од некои непотребни навики и начини на размислување. 

Бик

Сезоната на Вагите за вас носи сјајна можност да се организирате и да се фокусирате на некои помали детали кои ги подобруваат вашите навики и рутина. Дали сте задоволни со тоа како го минувате денот? Дали ви е потребно да ги смените своите цели? Сезоната на Вагите ви овозможува да ги направите промените кои ги посакувате за себе. Само имајте на ум дека вашиот живот ќе биде погоден од ретроградните планети и многу работи ќе бидат успорени и оневозможени, што може да ве направи нервозни. Пробајте да не се нервирате премногу за она што не можете да го смените.

Младата Месечина на 25 септември ви носи внимание кое ќе биде насочено кон вашето здравје и добросостојба. Важно е да поставите граници кои некои луѓе, но и да не преземате премногу обврски на себе. 

Близнаци

Сезоната на Вагите ќе го отвори вашето срце, но и ќе ве поттикне да сфатите што ви е важно. Можно е оваа сезона да се соочите со некои искуства од минатото и да успеете да го залечите своето срце и конечно да ги ставите тие луѓе и ситуации зад себе. Вашето срце  е моќно оружје, искористете го за ваше добро овој период.

Младата Месечина во Вага на 25 септември ќе ви донесе романса. Ако сте во врска, ќе успеете да добиете силна љубов и поддршка од саканата личност, а за некои слободни Близнаци овој транзит во нивниот живот носи сродна душа и љубов од филмовите.

Но, важно е да верувате во себе бидејќи Меркур кој е ваш владетел е ретрограден до 2 октомври, а тој ви носи мали проблеми. Бидете внимателни и околу полната Месечина на 9 октомври која ви носи нагла промена на енергијата, затоа бидете љубезни и нежни кон себеси.

Рак

Периодот на владеење на Вагите ве поттикнува да го промените просторот во својот дом, да го смените кругот на луѓето околу вас и да реновирате. Младата Месечина на 25 септември во знакот Вага може на површина да извади некои семејни работи, па затоа е важно да ги согледате работите од поширока перспектива. Со ретроградниот Меркур до 2 октомври, препорачливо е добро да размислите што ќе кажете пред да го кажете тоа. Кога е ретроградна, оваа планета прави да кажуваме работи кои не ги мислиме и таа предизвикува хаос во комуникацијата, но затоа треба да бидеме внимателни. 

Полната Месечина на 9 октомври може да ве направи многу чувствителни. Ова е еден период кој затвора големо поглавје за вас, но и отвора простор за нешто сосема ново.

Лав

Енергијата на Вагите ќе ве поттикне да разговарате и да се поврзете со луѓето околу вас. Можеби ќе вложувате свесни напори да комуницирате добро со другите, но секако овој транзит ќе ви помогне во голема мера да го постигнете тоа. Особено ќе бидете успешни во професионалната сфера. 

Полната Месечина на 9 октомври може да ви донесе интересни ситуацииво однос на некои договори кои треба да ги потпишете. Тоа може да донесе ново поглавје во вашиот живот, но важно е да бидете внимателни што потпишувате и на што се согласувате, со оглед на тоа што уште ќе ја чувствуваме сенката на ретроградниот Меркур. Слушајте го својот внатрешен глас.

Девица

Сонцето излегува од вашиот знак и влегува во дипломатичната Вага. Кога тоа свети во вашиот знак ви овозможува да го остварите својот најголем потенцијал и да верувате во себе, но сега штом ќе премине во Вага ќе ви помогне да сфатите кои луѓе и работи ви се важни во вашиот живот, а што не е. Првиот дел од сезоната на Вагите за вас носи длабока анализа и рефлексија, така што ќе успеете да запознаете нови делови од себе.

Младата Месечина на 25 септември за вас е период на зголемување на приходите и подобрување на емоциите, но полната Месечина на 9 октомври може да ви донесе зовривање на некои ваши емоции. Можеби ќе треба да имате непријатен разговор каде ќе треба да ги поставите своите граници, а некои Девици ќе стават крај на врските кои веќе не се успешни и кои не ги прават среќни. Време е да внесете рамнотежа во вашиот живот и да почнете да живеете посреќно.

Вага

Ова е ваша сезона и ваш период во кој можете да го постигнете сето она што го посакувате. Време е да се посветите на себеси и да се вратите на оние работи кои се во склад со вашата природа. Бидејќи Меркур е ретрограден до 2 октомври, ова е и време во кое треба да се фокусирате на себеси и оние работи кои се во согласност со вашите вредности.

Младата Месечина на 25 септември е во вашиот знак и е еден од најубавите транзити за поставување намери и постигнување на она што го сакате. Запишете ги своите цели и соништа и манифестирајте го она што го посакувате. Ако изминатиот период работевте многу и се чувствувате изморено, оваа млада Месечина ќе ви помогне да успорите и да го најдете мирот.

Полната Месечина на 9 октомври ви помага да изградите цврсти и искрени односи со луѓето околу вас, а тоа ќе ви донесе радост. Подгответе се!

Шкорпија

Сонцето ќе биде во Вага, но полека ќе се подготвува да премине во вашиот знак, а тоа за вас ќе биде поттик да застанете и здивнете. Животот можеби ви беше брз изминатите месеци, но сега постои космичка поддршка која  ќе ви донесе можност да направите неколку чекори наназад и да одлучите во која насока сакате да се движите. Овие промени можеби нема да бидат големи, но ќе бидат суштински за вас. Бидете нежни и добри кон себеси низ овие промени низ кои поминувате. Не морате да ги имате сите одговори, тоа е сосема во ред.

Младата Месечина на 25 септември ќе ви донесе поддршка за внатрешните промени низ кои треба да поминете. До 9 октомври, кога ќе го почувствуваме влијанието на полната Месечина во Овен ќе бидете подготвени за ново поглавје во вашиот живот.

Стрелец

Додека Сонцето е во Вага, ќе можете да погледнете кон своите цели и проектите кои ги имате поставено за себе. Достигнувањето на оваа точка ќе ви биде малку стресно, но вие го можете тоа. Но, што и да правите, ослободете се од притисокот кој често си го ставате на себеси. Вашите цели и соништа се работи во тек, а не крајна дестинација.

Искористете ја енергијата на младата Месечина на 25 септември за да поставите цели и запишете ги ако тоа е потребно. Осигурајте се тие се поврзани со она што вистински го чувствувате и сакате, а не само со вашето его. Но, имајте на ум дека Меркур е ретрограден до 2 октомври, па затоа внимавајте какви пораки пишувате и испраќате.

Јарец

Како што тече сезоната на Вагите, можеби ќе бидете повикани да заземете лидерска позиција. Ова може од вас да бара да поставите граници, но кога ќе зачекорите во својата вистинска моќ, тогаш вистински ќе заблескате. Ослободете се од потребата за контрола, тоа може само да ве закочи. Не ги градете односите со другите на основа на недостаток на доверба. 

Младата Месечина на 25 септември е одличен период да поставите цели поврзани со својата кариера. Ова е одличен момент да започнете нешто ново. Од друга страна, полната Месечина на 9 октомври ќе ве поттикне да се вратите на својата вистинска природа.

Водолија

Сезоната на Вагите ќе ве поттикне да размислувате за патувања и далечни места. Можеби чувствувате дека нешто недостасува, но не сте сигурни што би можело да биде тоа. Затоа потрудете се да размислувате пошироко и да го промените начинот на кој размислувате за вашата ситуација и вашиот живот. Тоа ќе ви помогне да промените и одредени работи во вашиот живот.

Младата Месечина на 25 септември ќе ви помогне да ги утврдите оние области во вашиот живот каде ви е потребна надградба. Направете го она што го чувате во срцето. 

Полната Месечина на 9 октомври може да ви донесе силни емоции, па ќе биде важно да ја задржите рамнотежата во вашиот живот. 

Риби

Додека Сонцето е во Вага ќе имате потреба подобро да се запознаете себеси и да нурнете во својот свет. Дали постојат одредени работи кои сакате да ги смените? Ова е период кога можете да се посветите на тоа. 

Младата Месечина на 25 септември ви носи одлична енергија да привлечете среќа, но и да ги организирате своите финансии. Полната Месечина на 9 октимври ви носи мали тензии, а ако нешто ве мачи, ова е период да го решите тоа. 

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: