Понекогаш стануваме ладни за да преживееме

Понекогаш речиси незабележително, доаѓа денот кога сме малку поладни од порано, малку повнимателни за да се потсетиме што е тоа што се нарекува љубов кон себе.

Меѓутоа, тие околу нас не ја сфаќаат оваа внатрешна промена. Тогаш се случува ‘магија’: другите почнуваат да ја ценат личноста која бевте пред да се ‘оладите’. Кој и да каже дека луѓето не се менуваат, не се во право. Луѓето не го менуваат своето однесување одеднаш, така што нагло ќе се одлучат.

Процесот на менување е нешто поинтимно, со промисла, па дури и многу непријатно, бидејќи преку таа промена растеме. Така нешто може да се постигне единствено ако сте потполно свесни за своите ограничувања и ‘црни дупки’.

Дури и најлудото срце ќе се умори и ќе стане поладно и ќе почне да гради околу себе ‘зидови и бодликави жици’. Токму во тој момент другите почнуваат да ја ценат личноста која бевте пред промената. Во нашето сложено патување низ животот, ладното е единствениот одбранбен механизам.

Ладно срце е ум кој се уморил од чекање. Нашата самодоверба почнува да ‘огласува узбуна’ и почнуваме да бараме итен излез. Да се биде малку ладен е привремен одговор на нешто во животот што не’ потресува и што не’ вознемирува. Вашите блиски можеби ќе забележат дека не можат да ја пронајдат ‘вратата’ која може да го отвори вашето срце.

Всушност личноста станува многу повнимателна. Мора да се прифатат такви какви што се. Исто така знаеме дека животот понекогаш не е чесен и дека луѓето не се секогаш верни и дека не не’ почитуваат доволно. Секое разочарување кое го искусивме, секоја уцена и секоја празнина создаде ‘искра’ на негативни мисли во нашиот ум, создаде некаков ‘шок’. Затоа срцето е поладно и сфаќаме дека постојат само две можности, да се држиме до сопствената негативност или да се ‘дезинфицира’. Ние го бираме второто.

Понекогаш се’ што исчезнува и умира во нас, одеднаш не’ враќа во стварност. Малку поладно срцето гледа на работите со поголема реалност, умереност, одлучува што останува и што ги напушта нашите животи.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: