Голема е заблудата дека нарцисот се сака себе. Во самиот центар на личноста на нарцисот е длабок презир кон себе, голем срам, комплекси, инферирност, големо незадоволство, чувство дека никогаш не се доволно добри, па затоа презирот кон другите е голем, посебно кон оние кои се подобри од нив и презир кон целиот свет генерално.
Запомнете дека нарцисот само добро глуми и манипулира, бидејќи тоа му гарантира опстанок. Нарцисот може перфектно да одглуми љубов и вљубеност, но не може да ја почувствува како нормална личност. Тргнете од себе, дали може човек исполнет со љубов да се однесува така сурово и токсично? Може ли на личноста исполнета со љубов да и’ недостасува емпатија и да ги уништува другите? Не.
Личноста исполнета со љубов спонтано ја шири таа љубов понатаму, луѓето сакаат да бидат во нивно друштво, луѓето можат да им веруваат, да се потпрат на нив. Дали на личноста со вистинска и здрава љубов кон себе им треба константна потврда од другите луѓе за да се чувствува добро во својата кожа? Не.
Таква личност има изградено самодоверба, знае колку вреди и не бара внимание на другите луѓе, за да ја потврдат и уверат во сопствената вредност.
Сега да се вратиме на нарцисот. Нарцисот е празна обвивка која не е во состојба да почувствува нешто така племенито како љубовта. Нарцисот може да покажува некои емоции, но воглавно тоа е бес, кога не оди како што му е испланирано, кога ќе ги налутите, предизвикате, па одеднаш ќе избувнат, па маската ќе падне и тогаш го гледате вистинското лице на нарцисот. Од онаа добро одглумена љубезноост до многу незгодна лута личност. И тогаш ќе го видите вистинското лице на нарцисот.
Вистина е дека нарцисот не се сака себе, но нарцисот само мисли на себе. Знаете ли зошто? Затоа што мора да опстане и постојано да биде ангажиран во надворешниот свет. Нарцисот зависи од другите луѓе, од туѓата енергија, било да е емоција, љубов, комплимент, финансии или било какава помош. Тука нарцисот мора добро да се ангажира.
Нарцисот не може да биде сам со себе. На нормална личност исполнета со љубов не им требаат константни залихи на туѓа енергија за да се чувствуваат добро во својата кожа. Во нарцисите е толку мрак и страв, што им е потребно туѓо светло и залихите на енергија на другите за да можат сопствениот мрак да го преживеат. И свесни се за тоа, затоа бараат други за да опстанат.
Личноста која се сака себе, не го прави ова, бидејќи во него има многу љубов и за себе и несебичното подарување на другите. Ако некогаш сте се прашале зошто нарцисот цели кон добрите луѓе, ете го одговорот- добрите луѓе несебично се даваат, бидејќи имаат што да даваат, нарцисот се држи себично до себе- бидејќи нема што да даде.
Leave a Reply