Пoрака до жените заглавени во токсична врска: Никогаш не губи надеж

Знам што е тага и болка и сама тоа го вкусив. Исто така знам за каење бидејќи срцето ми е скршено, искорнато од градите и оставено така да умре.

Моите соништа и надеж ги уништи некој за кој мислев дека ме сака. Сакав некој поради кој ја изгубив самопочитта. Некој кој беше премногу саможив за да ме види среќна и ужива во мојата насмевка. Некој кој правеше да се чувствувам безвредно и несигурно.

Сакав човек за кој бев сигурна дека ме сака исто колку што јас се сакав себе. Некој кој од симпатичен и шармантен маж се претвори во сомничав и љубоморен човек. Некој кој се преправаше дека е вљубен во мене, но сето тоа беше само маска за неговите лоши намери и злонамерни лаги.

Сакав некој кој не беше во состојба да сака никој освен себе. Некој кој само ме користеше, кој никогаш не ми се израдува, без оглед колку мојата насмевка и среќа се големи кога го гледам. На некој кој немаше намера да ме сака туку само да ме поседува.

Сакав некој кој ме намами во својот свет на манипулации и лаги. Некој за кого мислев дека е поинаков од сите други мажи кои поминаа низ мојот живот. Сакав некој поради кој се чувствував како помалку вредна личност и кој ме увери дека никој никогаш нема да ме сака.

Сакав човек кој се заколна дека ќе ме сака, но никогаш не покажа ништо освен лага, неверство и лошо однесување. Сакав некој кој беше љубовморен на мојот живот. На тоа како другите луѓе ми се насмевнуваат и како разговараат со мене. Некој кој не можеше да поднесе да имам толку пријатели и на кој му сметаше што сум отворена, комуникативна и љубезна личност.

Сакав некој кој беше љубовморен на мојот успех и некој кој се трудеше да му ја скрати сета слобода бидејќи не можеше да поднесе да ме види како растам. Меѓутоа, сакав некој кој ме направи посилна личност. Бидејќи без оглед на тоа колку сум повредена и колку време ми требаше да се извлечам од таа врска, сега сум друга личност.

Препородена и чиста, храбра и полна со самодоверба, жена која помина пекол, но успеа да се врати. Јас сум жена која не изгуби надеж и која е сега посилна од порано.

Ана

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: