5 чувства кои ви се чинат Љубов, ама тоа не се

Чувствата не се потполно прецизни. Всушност, човекот е познат по својата нејасност, контрадикторност и неточност. Затоа не е ретко да искусиме чувства кои делуваат како љубов, но всушност не се.

Љубовта има една вродена мана. Во секоја врста на љубов често недостасува наклоност, а постои дури и омраза. Никој не сака друга личност совршено. Меѓутоа, она што се случува е дека љубовта може да биде главна емоција која не’ обединува со друга личност или збир на луѓе.

Понекогаш сме уверени во љубовта која ја чувствуваме кон другите луѓе, иако тоа всушност не е љубов. Тоа се случува затоа што се чини како многу чувства да се љубов, но не се.

1. Благодарност

Постои елемент во љубовта, но таа не е љубов. Некои луѓе прават многу значајни работи за вас. Понекогаш се тука за вас и стојат зад вас кога другите воопшто не ги интересирате. Во други прилики едноставно ви даваат внимание, време и љубов, не барајќи ништо за возврат. Тоа може да има големо влијание на вашиот внатрешен свет. Затоа можеби чувствувате посебна благодарност кон нив. Можеби имате желба да направите исто за нив и да осигурате и тие бидат среќни. Тоа чувство лесно може да се замени со љубов. Меѓутоа, длабоко во себе не сакате некој поради она што ви подарува, тутку поради она кој е.

2. Сочувство

Сочувството е уште едно чувство кое изгледа како љубов, ама не е. Тоа се дефинира како способност на идентификација, разбирање, па дури и чувство на болка на другата личност. Иако во неа исто така има љубов, таа не е љубов како таква. Понекогаш, желбата да и’ помогнете на некоја личност и да ја ослободите од нејзината болка, ве прави да почувствувате дека е тоа вистинска љубов. Меѓутоа, тоа не е случај. Што ако личноста го надвладее страдањето кое ја задеси? Тогаш нема потреба од сочувство.

3. Рутинско чувство

Рутината има огромна моќ во животот на луѓето. Всушност, станавме толку навикнати на нешто или на некој што можеме да развиеме многу силна приврзаност кон нив. Така доживуваме голема болака поради можноста таа личност или работа да ја изгубиме. Лесно е да се навикнете на личноста за да поверувате дека ја сакате, едноставно бидејќи ви е потешко да се носите со идејата дека повеќе ја нема во вашиот живот. Може да постои толку силен отпор кон промени што ви оневозможува разбирање на вистинските чувства кои стојат позади врзаноста.

4. Воодушевување

Чувство кое е блиско до љубов, но не е љубов. Тоа чувство има силен рационален и ментален елемент. Некој го цениме бидејќи имаме одредена вештина или талент. Во таа личност постои некоја исклучителна и силна особина, што создава желба да им бидете блиски. Кога сакате некој, вие не ги сакате поради одредени причини. Ги сакате и покрај нивните мани. Со други зборови, кога вистински сакате, ги сакате целосно.

5. Зависност

Ова е уште едно чувство кое може да изгледа како љубов. Зависноста може да направи некој да се чувствува дека на другата личност му е неопходен, било конкретно или општо. Затоа сметаат дека не се способни да живеат без друга личност во својот живот. Ова интензивно чувство ве тера на размислување дека навистина сакате друга личност. Вистина е дека во љубовта човекот чувствува потреба за друштво на друга личност. Меѓутоа, таа потреба не е причина за врска, туку последица на истата. Тоа значи дека се чувствувате добро и кога личноста не е тука, но се чувствувате многу подобро ако се со вас. Како што гледате, голема е разликата помеѓу оваа стварност и чувството дека не можете да живеете без друга личност.

извор: exploringyourmind.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: