5 навики кои ја понижуваат жената во очите на мажот

Жените понекогаш претеруваат, па од силната желба да се докажат најдобро што можат, грешат. Затоа се смета дека постои тенка граница помеѓу нејзиното заведување и очајниот обид да го добие вниманието на мажот. Пет навики на жените кои треба да ги избегнуваат ако сакаат да го заведе спротивниот пол:

1. Не молете за комплименти и изјави на љубов. Познато е дека жените сакаат секојдневно да слушаат убави работи за себе и да добиваат комплименти. Меѓутоа, ако вашиот партнер сам не ви каже ‘Убаво изгледаш’ или ‘Супер ти е новата фризура’, нема потреба вие сами да наметнувате негова реакција.

2. Имајте свои интереси и хоби: Потребно е во односот да имате свое време и она што ве исполнува. Ретко кој маж сака кога жената е постојано тука за него и покрај него. И тој сака да има свое време и лични граници. Знајте кога тоа ќе му го дозволите, тој е повеќе ваш. Бидејќи слободата знае да биде такава, некој само дополнително да се врзе за вас.

3. Не озборувајте. Речиси ниту еден маж не сака кога жената константно некој или нешто озборува. Тоа му укажува дека немате сопствени животни интереси, но и вредности. Зошто имате потреба да расправате за туѓите животи, проблеми и случувања ако имате сопствен живот? Размислете за тоа. Мажите тоа знаат добро да го забележат.

4. Не бидете секогаш достапни. Не го држете телефонот постојано во рацете за да можете во ист момент да одговорите на порака или повик. Понекогаш е потребно токму спротивно, пуштете го малку да чека. Ако вашиот одговор се случи побргу од неговата реакција, може да ве смета за лесно достапна и несериозна. Пуштете го тој да ве чека вас и понекогаш потешко да добива повеќе внимание.

5. Не трчите по него штом ве повика. Како што е претходно наведено, не бидете лесно достапни. Кога ќе ве повикаат за излегување не трчајте веднаш. Погледнете прво дали имате свои обврски и така и кажете му. Дајте му до знаење дека имате свое време и обврски и дека не можете штом тој ќе ве повика да се создадете на некое место. Во спротивно ќе помисли дека може да ве има кога ќе посака и тоа се подразбира. Одиграјте и вие паметно.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: