Да разбереш значи да престанеш да се лутиш

Кога ќе почнеш да разбираш, престануваш да се лутиш. Кога гледаш низ призмата на љубовта престануваш да осудуваш и да замеруваш. Кога ќе се оддалечиш од сопственото его и кога ќе му се предадеш на душата, кога од страв и болка ќе преминеш на страната на љубовта, светот станува поинаков.

И се’ е исто, но сепак не е. Бидејќи околностите не се променија, а ништо не е како порано. Затоа кога следниот пат некој ќе се обиде да ве налути, повреди… Запрашај се: Ако те погледнам со очите на љубовта, што ќе видиш? Ако те гледам како уплашено дете во болка, дали и понатаму ќе се лутам?

Ако увидам дека и кон тебе лошо се однесувале, дали ќе ти замерам?

Бидејќи никој не напаѓа кога се чувствува добро. Среќниот човек нема другите да го повреди. Тоа запомни го. Затоа следниот пат не се вознемирувај, туку согледај низ тоновите на милост, сочувство и сето она за кои другите се гладни..

И ќе сфатиш дека луѓето не се лоши, само се несреќни. Не се родени такви, туку поради околностите научиле да касаат и така да се бранат. Не знаат поинаку. Не знаат да сакаат. Ниту себе, а не пак љубов на дугите да им даваат…

И кога ќе ги согледаш сите тие луѓе во својата околина, па и некои од своето минато, поинаку ќе ги гледаш, ќе можеш да ги разбереш. Дека работат најдобро што знаат. И токму тие кои се најтешки, нив најмногу во животот им фали љубов.

И тогаш ќе престанеш да се лутиш. И можеби ќе сфатиш дека нема што да им простиш. Ќе им пратиш благослов и ќе им посакаш среќа, да најдат тоа што отсекогаш го бараат, животот да им донесе топлина и љубов и да им го стопи мразот што го создадоа околу срцето.

Направи го тоа поради себе и отпушти. Не ти треба тој терет на градите. И сите тие тешки чувства. Одврзи ги сите пречки кои ве спојуваат. Љубовта исцелува. И ако и понатаму мислиш дека тие не те заслужуваат, сети се дека ти тоа го заслужуваш. Па ослободи ги и нив и себе. И тргни полесно од било кога понатаму.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: