20 причини зошто љубовната врска со Стрелец е добра приказна

Има ли нешто повозбудливо од тоа да си играте со оган? Овој огнен знак кој е под влијание на планетата Јупитер најмногу си одговара со Овен, Лав, Вага, Водолија и Стрелец, а не му одговараат Девиците и Рибите. Но, тоа не значи дека врската со нив не може да функционира, туку дека едноставно е потребно само мало прилагодување. Некои од повлијателните Стрелци познати во светот се Џејн Остин, Џими Хендрикс, Стивен Спилберг и Џеј Зи, што и не е така лоша екипа. Нивната авантуристичка природа и брз начин на живеење никого не може да остави рамнодушен, а ова се и 20-те причини зошто дефинитивно треба да се заљубите во Стрелец…

1. Познати се по нивната постојана желба за патување на нови, егзотични места. А кој не сака да оди на одмор? Само бидете подготвени да се пакувате во последен момент, бидејќи Стрелецот има многу идеи, а малку време за чекање, па ако се двоумите, може да отиде и без вас.

2. Лесно се прилагодува на промени. Промените се постојани во љубовните врски, но за Стрелецот тоа нема да претставува проблем. Подготвен е на компромиси и адаптации, сѐ додека се задржи динамиката во врската.

3. Познат е по неговиот љубопитен и енергичен дух. Нема нешто што не го интересира овој знак. Сака да знае сѐ и затоа е секогаш добро информиран за сите животни области. Можете многу да научите од него.

4. Стрелците се многу интелигентни. Покрај тоа што имаат желба да учат нови работи, тие ја поседуваат и интелигенцијата која им овозможува да го апсорбираат целото тоа знаење. Поради тоа тие знаат убаво да се изразуваат и се одлични соговорници.

5. Понекогаш знаат и да филозофираат. Обожаваат да истражуваат длабоки, филозофски теми за смислата на животот и постоењето на универзумот, така што бидете подготвени за долги разговори до раните утрински часови.

6. Ако успеете да го заробите срцето на Стрелецот, засекогаш ќе биде ваше. Стрелецот можеби лесно ќе го освоите, но тешко е да го задржите. Ако успеете да го направите тоа, нема сомнеж дека засекогаш ќе остане така. Тие сакаат многу силно и длабоко.

7. Тие се многу дарежливи, дури и кон оние што не го заслужуваат тоа. Секогаш можете да сметате на помошта од Стрелецот. Тој сака да ги споделува неговите работи со другите луѓе, без разлика дали му се блиски пријатели или не.

8. Познати се по нивната брутална искреност. Вистината не е за секого, но дали е лошо да се биде искрен? Понекогаш бруталната вистина е најдоброто нешто што можете да го направите за некого. Секогаш ќе знаете на што сте, ако сте во љубовна врска со Стрелец.

9. Тие се родени лидери. Стрелците не се обидуваат со сила да ја преземат контролата и да шефуваат, туку тоа природно им доаѓа, а другите со задоволство се подготвени да ги следат поради нивната одлучност и посветеност.

10. Понекогаш знаат да бидат премногу безгрижни, но знаат кога треба да бидат сериозни, а кога да се забавуваат. Точно е тоа дека Стрелците имаат слободен дух и не сакаат ограничувања, но сепак тие имаат свои принципи и стандарди кои нема да ги прекршат. Секогаш се подготвени на нови предизвици и ризици, но никогаш не би направиле нешто што би му наштетило некому.

11. Стрелецот е хибрид од оптимизам и реализам. Тој не остава простор за песимизам. Кај него чашата е секогаш половина полна и знае да го извлече доброто од секоја лоша ситуација. Оптимист е, но не лета во облаци и се држи цврсто на земја. Токму поради неговите позитивни мисли без ронка песимизам, секогаш успева во остварувањето на неговите цели и луѓето велат дека е роден под среќна ѕвезда.

12. Стрелците се екстроверти и ќе дадат сѐ од себе за да се зближат со луѓето што ви значат. Тие сакаат да запознаваат нови луѓе и имаат толку големо срце што можат да прифатат секого во нивно друштво. Поради забавната и досетлива природа на Стрелецот, тој набрзо ќе им стане омилената личност за дружење на вашите пријатели. Но, сепак, пред сѐ, ќе му биде важна врската со вас и таа секогаш ќе му биде приоритет.

13. Стрелците ја ценат нивната независност. Тие никогаш нема да ве гушат или заробуваат во врската. Ја ценат нивната слобода и не очекувајте љубоморни и опсесивни испади од нив. И истото нема да го толерираат од ваша страна. Така што, ако сте љубоморни по природа, ќе морате да најдете начин да го контролирате тоа, бидејќи Стрелецот веднаш ќе бара начин да побегне доколку и за момент се почувствува заробено.

14. Многу се слободоумни. Никогаш не ги осудуваат луѓето од прв поглед и не донесуваат избрзани заклучоци. Не ги делат луѓето според нивната етничка припадност, сексуална определеност или општествена класа. За нив сите луѓе се исти, сѐ додека се однесуваат како луѓе.

15. Стрелците се многу досетливи и нивните шеги ќе ве насмеат, но и поттикнат на размислување истовремено. Сарказмот им е најдобар пријател, но никогаш нема да го искористат за да ве навредат или повредат. Нивната смисла за хумор е малку необична, но кога еднаш ќе ја разберете, ќе почнете многу да ја цените поради нејзината досетливост и нема да можете да ги сопрете солзите од смеење.

16. Сакаат креативни професии кои ќе им претставуваат предизвик. Кај Стрелците не е невообичаено да сменат повеќе професии пред да ја пронајдат вистинската. На тоа поле се малку нестабилни, но бидете подготвени да им ја дадете целата поддршка во што и да прават. Стрелецот ќе знае да го цени тоа и ќе ви биде благодарен.

17. Стрелците не им придаваат значење на малите работи. Доколку мразите да се карате за безначајни ситници, тогаш Стрелецот е вистинскиот избор за вас. Стрелците никогаш нема да влезат во конфликт поради неизмиените садови или поради тоа кој ќе го фрли ѓубрето. Тие сакаат да направат толку многу работи, што немаат време да се расправаат за ситници.

18. Стрелците се многу страсни и сензуални. Нема потреба од дополнително објаснување зошто ова е добра причина да се заљубите во Стрелец. Очекувајте експлозија од страст во креветот!

19. Секогаш ќе ви бидат лојални. Стрелците никогаш нема да ве предадат или да кажат лош збор за вас пред другите. Стрелецот пред да ви биде партнер, ќе ви биде пријател, а пријателството е многу важно за опстанокот на врската.

20. Брзо им досадува и тоа можеби ќе ве исплаши. На почетокот можеби ќе се плашите дека по еден месец ќе му здодеете на Стрелецот и тој ќе сака да премине на нешто ново, што до некаде е вистина. Но, гледајте на тоа од позитивен аспект. Сфатете го тоа како можност за постојани интересни промени и разбудете ја креативноста за да ја одржите врската секогаш свежа и возбудлива.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: