Ако се промени, не значи дека се предаде. Тоа значи дека научи што ти годи

Со тек на време забележуваш дека некако се смири. Се промени. Другите можеби не забележуваат. Ти знаеш. Носиш балетанки се’ почесто. Штиклите ги оставаш за посебни прилики, ретко ги носиш по цел ден. Научи одамна дека убаво и привлечно не значи секогаш кратко или тесно, скапо или фирмирано.

Од одмор се враќаш многу помалку сунчана од порано. Не се дозволуваш себеси да изгориш трудејќи се што повеќе и побругу да поцрниш. Носиш бикини, не размислувајќи за целулитот. Па, сите жени го имаат. Не го вовлекуваш стомакот кога ќе станеш од лежалка и одиш кон водата. Што е- тоа е. На кој не му се допаѓа, не мора да гледа.

Не се мачиш повеќе со диети. Не се прејадуваш и не гладуваш. Не ги броиш калорииите. Знаеш што е здраво и добро за тебе и знаеш додека го слушаш своето тело ќе те слуша и тоа тебе. Купуваш меко ќебе, да биде само твое, да се стуткаш додека читаш во својата фотеља. Пиеш чај додека гледаш филм. Не ги читаш книгите до крај кои не ти лежат, не се мачиш гледајќи филмови само затоа што имаат добра оценка. Ги оставаш за некои други времиња или друга ти.

Не фрлаш пари повеќе на сто различни креми. Знаеш дека не помага. Имаш една, но вредна, а ефектот е ионака ист. Танги не носиш ниту под разно. Дали има потреба да објаснуваш зошто? На прослави и родендени не те болат образите од смеење со сила. Не си повеќе онаа која секогаш го анимира друштвото и која секогаш ја прекинува непријатната тишина.

Бидејќи се промени.

Тоа не значи дека се предаде. Тоа значи дека научи што ти годи. Тоа значи да се сакаш себе доволно. Доволно да имаш храброст да направиш разлика. Разлика помеѓу она што мораш и она што ти годи. А она што мораш е се’ помалку.

Сега е твое време.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: