Лутината е казна поради туѓа глупост

Постојат многу легенди за атонските старешини кои живеат во манастири, на Света Гора Атонска во Грција. Многумина ги сметаат за волшебници, но тие себеси се нарекуваат луѓе кои ја0 чуваат и сфаќаат мудроста на животот. Еве неколку прекрасни мудрости од Атонските монаси:

1. Лутината може да биде креативна сила. Луѓето најчесто го користат бесот како деструктивна сила. Под негово влијание често зборуваме навредливи зборови и правиме непромислени постапки. Но, бесот може да биде и креативна сила. На пример, бесот му помага на личноста која е нежна и слаба да стане посилна и похрабра. Се’ зависи како ги контролирате емоциите.

2. Не дозволувајте бесот да пушти корени. Мора да бидете внимателни и да ги држите своите чувства под контрола. Внимавајте на своите чувства под контрола. Внимавајте на својот душевен мир како воин, не дозволувајќи бесот да влезе внатре. Внимавајте на себе и контролирајте го својот бес за да не се вкорени страста во вас.

3. Повеќе љубов, помалку лутина. Наместо да се жалите на некој, почнете на другите да им зборувате добри работи за личноста, а кога ќе се укаже прилика, разговарајте со таа личност искрено и отворено. Треба судирот да исчезне и светот ќе има повеќе љубов, а не лутина.

4. Насочете го бесот на сопствениот бес. Наместо својот бес и лутина да го насочувате на друг човек, размислете за негативната сила која го предизвикува овој бес во вас и насочете го својот бес на него. Ќе видите како бргу исчезнува.

5. Од лутината страдате само вие. Човекот ретко кога сака да му наштети на другиот намерно. Најчесто или се брани или станува ‘слеп инструмент на духот на злобата’. Личноста често не знае што работи. Сфаќањето на овој факт е еден од наједноставните начини да се носите со сопствената иритација и агресија.

Ако дозволите да ве надвладее бесот и лутината, тогаш вие ќе бидете први кои ќе платите од нивнотот разорно делување.

‘Да се лутиш и да бидеш ранлив не е ништо друго туку казна поради туѓа глупост’

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: