Што и’ недостасува на жената која вели: ‘Не постои маж за мене’?

1. Грижа за мажите. Жената по природа е негувател, таа има потреба да се грижи за некој. Жената без маж е лишена од ова задоволство и нејзината енергија е насочена на грижа за други личности, миленичиња или дури и предмети.

2. Грижа за вас. Жената која не е во врска со маж научи да биде силна и да се грижи сама за себе. Таа често ќе помисли и ќе каже дека неа не и’ треба никој, но всушност ја пропушта таа поврзаност на мажот и жената. Нема можност да препушти на мажот грижа и секако да се погрижи за неа. Можеби тоа сега звучи глупо, но на секој тоа понекогаш му е потребно.

3. Вистински пријател. Многу жени кои ја пронајдоа вистинската љубов тврдат како пред се’ нашле вистински пријател. Многу од нив потврдија дека партнерот им бил подобар пријател од сите други кои ги имаа во свое друштво. Жената која нема вистински маж можеби има многу други пријатели, но нема да го искористи вистинското пријателство кое може да го пронајде во саканиот човек.

4. Да се биде цел свет на една личност. Една од најубавите работи во љубовните врски е таа посветеност. Партнерите ќе посветат еден на друг цел свет, цело време, својот живот…Таа преданост ја прави љубовната врска така посебна.

5. Животен сопатник. Кога жената ќе го најде вистинскиот маж со него гради свој свет, со него гради своја животна приказна и стекнува нови спомени. Да се биде во врска не значи само да се има животен сопатник. Туку да се има некој кој ќе ве познава така добро како што се познава себе.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: