Кои жени се почитувани од мажите?

Искуството доаѓа со годините. Се менува перцепцијата на другите, а и на вашата, расте самодовербата, се појавуваат услови и граници во врските кои сами си ги поставувате. Можеби се чини дека ова само ги комплицира работите, но мажите сигурно повеќе ќе почнат да ве почитуваат.

1. Престанав да им го давам мојот број на телефонот. Порано на сите им го давав својот број и им кажував како можат да ме најдат на социјалните мрежи, бидејќи ми беше непријтно да одбијам ако личноста беше љубезна и пристојна кон мене. Но, тогаш сфатив дека себеси можам да си дозволам да им кажам НЕ на некои луѓе, а да не ги навредам. Ако не сакам да продолжам со познанството, едноставно ќе кажам: ‘Не го давам својот контакт на странци.’ И секој пат изгледа како да е ова одговор кои сакаат да го слушнат од мене.

2. Престанав да излегувам со мажи кои не ми се допаѓаат. Кога сфатив дека не мора да се обидувам да им удоволам на сите, престанав потврдно да одговарам на сите понуди за да одам на состанок. Велам НЕ ако не сакам. И мажите ми се благодарни на мојата искреност и што не изгубија време. Сакам сериозна врска и престанав тоа да го кријам. Ги надминав врските со несериозни мажи, бидејќи ми е важно да имам врска која можам сериозно да ја сфатам. Тогаш почнав да ги привлекувам мажите кои сакаат исто што и јас. Да, тоа ги плаши мажите, но само незрели, емоционално слаби и оние на кои премногу ни се разликуваат погледите на живот.

4. Не го менувам својот статус на врската на социјалните мрежи. Ова е глупо и наивно. Ако не ве запроси, тогаш тој е само ваш дечко, партнер, сакан маж, но не и сопруг.

5. Престанав да молчам. Зборувам, ако нешто ме мачи, одговарам директно кога ќе ме прашаат што сакам, што не сакам. Им нудам подршка и помош, а мажите се благодарни, бидејќи не мора да погодуваат. Мојот живот стана многу полесен.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: