Не се губете и не заборавајте на себе поради мажите

Постојано зборуваме за слаби мажи, кои немаат среќа со жените. Но, дали некогаш зборуваме за слабите жени, бидејќи ако постојат слаби мажи мора да постојат и слаби жени.

Нас најчесто ни се преставуваат само јаки, успешни, еманципирани и независни жени. Тие се преставени како женски пртотип. Вообичаена е појавата, средината да замижи на женските слабости и да не ги осудува на ист начин како машките. Женската слабост е незабележителна.

Кои се всушност слабите жени:

1. Таа бара од партнерот тој да преземе одговорност за неа и евентуално за нејзините деца, ако ги има. Ваков тип на жена речиси само тоа очекува од мажот.

2. Нејзиниот став дека таа е виновна за се’. Затоа се повлекува во себе, ја намалува комуникацијата со околината, не е заинтересирана и слично. Сепак, понекогаш жените искористуваат, па од себе прават жртва за да предизвикаат сожалување. Освен тоа постои и спротивност, а тоа е дека се сите виновни освен неа.

3. Слабите жени не знаат за поимот на лични граници. Таа не е никогш таа, туку кога ќе најде партнер одеднаш стануваат ‘ние’. Таа верува дека треба да поминуваат време постојано заедно, дека така треба и така мора бидејќи не се повеќе тој и таа, туку ‘ние’.

4. Слабите жени практично немаат женственост. Таа се откажува од женственоста со многу изговори. Нема време за себе, мора да се готви, да се средува куќата, да се фрли ѓубре- се’ само да му се удоволи на партнерот. Поради мажите таа се губи и запоставува себеси.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: