Oд машки агол: Причини поради кои помислуваме на неверство

Можеби сакате да го задржите мажот покрај себе, но правите се’ спротивно од тоа и така го туркате од себе.

На површина се чини дека е се’ во ред. Но, можеби вашиот партнер веќе го гризе црв, дали треба да размисли за заеднички живот со вас или за раскинување. Мажот планира раскинување кога вие тоа не го знаете. Се’ изгледа во ред. Можеби постои проблем, расправија или судир, но сето тоа можете да го оставите зад себе.

Всушност, дури и најсреќните парови на светот понекогаш ќе се најдат во тежок период. Не ви паѓа ни на памет дека тоа ќе биде крај или може да биде почеток на крајот. Меѓутоа, добро е да се забележи дали однесувањето на партнерот се менува од топло во ладно, во моментите кои мажите ги доживуваат како критични.

Желба за поседување. Љубовта секогаш е по малку себична, но се’ додека дава онолку колку што се обидува да земе, тоа е нешто што секој маж може да поднесе. Најопасната манифестација е љубомора, контрола, сомневање и создавање на чувство дека му е потребно одобрување за да ‘живее’.

Го вртите животот на човекот однопаку. Се вљубивте, сонувате за своите цели и се сакате, но тоа не му дава ниту на еден партнер право да го прилагодува оној другиот на себе. Ако најдете вистински баланс, ќе имате среќен маж кој нема да заврши како бегалец.

На овие работи обрнете внимание ако не сакате да бидете напуштени по своја вина. За жал, многу жени прават токму тоа што мажите ги тера да одат од нив.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: