Жените се такви: Подготвени да простат, но и да заминат засекогаш за ситница

Очигледно дека најголемата убавина лежи во тоа што за жената нема дефиниција. Нејзиното битие и постоење не може да се дефинира. Можете да ги проучувате, истражувате, да навлегувате во длабочината на нејзиното постоење, на крајот ви останува само да сфатите дека можете само да и’ се восхитувате.

Многу мажи ќе речат: ‘Ах тие жени, така се компликувани и драматични’ а многу нема да знаат колку е тешко да се биде жена. Колку е тешко да се има кршливо срце, а воедно и да се борите против сите. Колку е тешко да се бара љубов, а воедно да се страхува за да не те повредат.

Мажите можеби никогаш нема да сфатат колку и’ е тешко на жената да се вљуби и да се грижи за мажот… Да се грижи дека ќе биде здрав, додека се грижи за себе, па подоцна и за децата. Сите ќе кажат: ‘Ах тие преплашени жени, се плашат поради се”.

Но, многу од нив нема да сфатат дека жената така сака. Тоа е нејзин начин да покаже љубов и треба тоа да и’ се олесни што е можно повеќе. Пуштете да се грижи за вас. Жената е ангел чувар на секој маж. Да се сфати дека се тие подготвени да направат се’ за мажот кој го сакаат, да му се простат навреди и понижувања…Да се борат за него до последен атом од својата сила. Но, исто така се подготвени да заминат засекогаш, поради ситница. Да, тоа се жени, учете за нив, набљудувајте ги… Но, на крајот ви останува само да им се восхитувате.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: