Кога секоја ноќ пред спиење го сонуваш оној со кој не можеш да бидеш…

Луѓето кои ја изгубија љубовта знаат најмногу за неа. Тие знаат дека нема поголема болка од онаа кога вашиот сакан или личноста која сте ја изгубиле, се вљуби во некој друг. Кога некој за кој мислевте дека е ваш човек одеднаш стане туѓ.

Луѓето кои ја изгубија љубовта знаат што значи загрижено да се сонува за повторна средба со изгубената љубов. Знаат како случајно да се налета на бившата кога е на состанок со некој друг. Знаат како е да се живее со вечното прашање ‘што би било, кога би било’.

Тие знаат како е да се шета по улица, постојано размислувајќи за тоа што би кажал бившиот партнер ако сега е до вас во близина. Луѓето кои ја изгубиле љубовта знаат како е да престанеш да зборуваш со некој кој за тебе знае се’. Тие знаат колку е тешко да се изгуби некој кој треба да е нивен свет.

Тие знаат колку е тешко секоја ноќ пред спиење да се мечатае за личноста со која не моажат да бидат. Тие знаат да ги ценат сите работи бидејќи ја изгубија најголемата љубов и научија да живеат со тага и фактот дека таква љубов нема повеќе да имаат.

Луѓето кои ја изгубија љубовта знаат дека тоа прекрасно чувство не може да биде изгубено, бидејќи кога двајца ќе се разделат засекогаш, љубовта и понатаму е во нивните срца. Таа изгубена љубов и понатаму живее во нечија мечта и во нечие срце.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: