Oд машки агол: Запомнете драги дами, мажите не се домашни миленичиња!

Драги жени, не бидете сигурни дека секој маж ќе ја напушти жената само поради друга жена која убаво мириса, која е привлечна, можеби поубава од вас. За поголемиот дел од мажите привлечноста и убавината нема ништо со тоа.

Првата причина поради која мажот ја напушта жената е запоставување на мажот. Ниту еден маж нема да остане покрај жена која не му обраќа внимание и која го занемарува. Не мислете дека тој себеси ќе си дозволи да не биде почитуван, дека се’ ќе проголта и дека нема да биде навреден. Многумина од вас прават домашни миленичиња од своите мажи. Ако и понатаму се однесувате така кон нив- ќе си заминат. Мажот е лав, тој е ѕверка и никогаш не може да биде куче.

Втората причина е загрозување на неговиот личен простор, што му е многу важно. Многумина од вас мислат дека ако мажот е оженет со вас и спие со вас, не треба да има свој личен простор и слободно време. Тоа не значи дека треба да го следите секој негов чекор. Ако се однесувате така, мажот е подготвен да побегне на крајот од светот за да ја ослободи својата душа. Дури и тоа што имате деца нема да го спречи да замине. Секој маж мора да има свој мир и свое време за опуштање.

Третата причина е недостаток на благодарност. Зарем е толку тешко да кажете благодарам? Кажете му благодарам на својот маж и тој ќе направи се’ за вас. И ние сме луѓе, затоа однесувајте се со почитување кон нас. Кога твојот маж ќе почне да гледа други жени, не го занемарувај тоа, туку размисли за своето однесување.

Четвртата причина е одбојност, а тоа е најлошо од се’. Ако дојде моментот и сфаќаш дека повеќе не го сакаш, пушти го да си замине. Секој има право да згреши, секој може да биде погрешен избор на оној другиот. Ако мажот е со вас поради навика, веднаш завршете со таа приказна, таа не е пишана за вас.

Петтата причина е женското нерасположение. Кога жената е бесна, лута и тажна, мажот нема да се брза да стигне дома. Со тек на време и ќе ја напушти куќата, жената и семејството. Жената треба да биде празник, радост, енергија и машка сила. Таа треба да биде онаа личност кон која мажот ќе трча во пресрет, желен да подели успех, среќа и задоволство со неа. Ако жената на мажот му ја зема радоста и среќата, тој засекогаш ќе замине од неа.

Веројатно речиси секоја жена која ќе го прочита текстот ќе каже дека ове се големи глупости и дека мажот веднаш ќе замине со убава и привлечна жена, ако има прилика. Но, еве јас сум машко и знам дека ниту еден маж нема да трча по згодна и атрактивна жена и никој не може да го оддели од семејството ако е среќен со нив.

Горан

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading