Зошто мојата паметна и успешна пријателка не замина од човекот кој ја злоставуваше?

Пријателката ја спаси Маја. Не можеше повеќе да крие, да му се невиди. Жените кои живеат со насилник секој ден имаат нова идеја како да се оправдаат себеси, пред Бог и пред народот. И не го прават тоа затоа што се плашат.

Тоа често го прават бидејќи мислат дека тој сепак не е така лош. Но, кога пријателката ќе види со свои очи што се случува во нечија токсична врска, тогаш оправдувањата паѓаат во вода, па доаѓа олеснување и на крај пеколот е готов.

Додека читаме сведочења на претепани и малтретирани жени, тешко е да се сфати зошто едноставно не се спакуваат и не заминат. И за мене тоа беше мистерија.

Работата одеднаш ми стана јасна. Всушност, од моментот кога ја запознав Маја. Живееше со маж кој беше најдобар на светот, три дена во неделата. Тогаш забораваше потполно на тоа каков е во следните четири дена. Во деновите кога е добар, најдобар е на светот. Во главата на Маја едноставно не постоеше како лош. Секој пат после неговото ‘лошо’ , не веруваше пак дека може да биде добар. Неговото расположение и нејзината слика за него во 24 часа се движеја од потполна љубов и мир, до потполн хаос и солзи.

Можеби работата всушност се сведуваше на парни и непарни датуми. Кога беше добар, неговото однесување ветуваше. Секоја недела барем еднаш се чинеше дека навистина, навистина нема повеќе да го прави тоа. А веќе следниот ден дека никогаш, никогаш повеќе нема да биде добар.

‘Зошто не заминав од човекот кој психички ме малтретираше? Едноставно е. Кога ќе се каеше, се каеше најдобро на светот. Понекогаш, знаеш, уживав во тоа така да се понижува, да се кае и да ме моли да му простам. Тоа е кога имаш плус и минус во врската, секогаш едното го уништуваше другото. И некако секогаш се чувствував виновна. Никогаш не ме напушти. Никогаш и нема. И заклучив дека е најдобро уште повеќе да му угодувам за да биде најдобар маж на светот’.

Врската на Маја и нејзината глава во тој период беа совршено пропорционални. Во вторник да речеме, отворено признаваше дека треба да си оди од тој монструм. Во среда беше љубов на нејзиниот живот. И не беше проблем само во нејзината глава. Да ја сретневте и во вторник и во среда ќе речевте дека оди со двајца мажи истовремено. Со најпрекрасниот човек и најголемиот монструм.

Како Маја беше спасена од својата пријателка?

Едноставно беше сведок во непарниот ден, кога најпрекрасниот човек на светот се претвори во монструм. Минусите одеднаш, совршено логично и математички ги уништија сите плусеви. Ако имаш сто плусеви во низа и само еден така фатален минус, готово е.

Само понекогаш некој треба тоа да ти го каже. Да ти подаде рака. Да те спаси. И да ти каже дека навистина, ама баш навистина – не си виновна.

Марина

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: