Дали со игнорирање на мажот жените ќе го привлечат неговото внимание?

Моментот кога ќе прекинете со мажот кој сеуште го сакате е момент кога ќе почнете да се прашувате како да го вратите. Исто се случува кога имате работа со маж кој глуми ‘ладен тип’ и се поигрува со жените, а сакате да пронајдете начин да го задржите за себе. Дали е можно засекогаш да останете во срцето и мислите на еден маж? Она што треба да направите е да го вклучите игнорирањето и едноставно да престанете да реагирате на него, така тој ќе почне да размислува за вас и ќе ве посака уште повеќе.

Иако многу жени сакаат веднаш после раскинувањето да стапат во контакт со својот маж со желба да се смират, не брзајте. Така само му давате до знаење дека може да ве добие кога тој ќе посака или ќе почне да мисли дека сте опсесивни и очајни што ќе го турне од вас.

Ако мажот негувал било какви чувства кон вас, вашето игнорирање може да помогне да му недостасувате и да посака да биде со вас. Ако мажот нема чувства кон вас, тој ќе ве почитува поради тоа што не трчате по него и што не му досадувате, што во него може да разбуди желба да ја обнови врската со вас.

Зошто е тоа така? Па тоа е дел од машката психологија. Ако почнете да го игнорирате, тој ќе почне да размислува за вас. Ќе прашува дали го заборавивте или дали сте сеуште сами? Колку и да се опира околу тоа, тие прашања ќе се мотаат по неговата глава.

Токму во вашата тишина лежи неизвесност за мажите, бидејќи тој не знае ништо за вас. Исто така, вашето молчење е знак на вашата сила и вашата самодоверба. Тоа покажува дека сте сигурни и дека не се плашите дека ќе го изгубите и можете убаво да живеете без него.

Како да се однесувате после периодот на игнорирање од еден месец? Мажите различно можат да реагираат на тактиката на игнорирање, бидејќи се’ зависи од личноста и каква била вашата врска. Многу мажи ќе стапат прво во контакт со вас бидејќи сакаат да знаат како живеете и дали сте сеуште сами.

Тоа е обично моментот кога веќе се плаши дека ќе ве изгуби и дека почнавте да го заборавате. Сепак не брзајте веднаш да му одговорите или да му паднете во прегратка. Можеби само сака да знае дали може да смета на вас како на резервна опција додека не дојде подобра прилика

Не се брзајте бидејќи ќе ја расипете целата ваша стратегија. Трудете се да комуницирате со него без да ги откривате своите емоции. Исто така имајте на ум дека постои разлика кога мажот ви пишал само еднаш или ве побарал само еднаш да провери како сте и мажот кој често ви се јавувал.

Првиот можеби сака да го задоволи своето его и да си потврди дали сеуште страдате по него. Додека на другиот не му е гајле за ништо друго освен да биде повторно со вас.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading