Драга дамо, вредиш повеќе од тие бројки на вагата

Самодовербата не се стекнува врз основа на физичкиот изглед и пропорции, тоа се крие длабоко во жената. За да станете успешна личност и другите да ви се восхитуваат, важно е да се работи на себе, постојано да се тежнее кон подобрата своја верзија. Модерното доба ги искриви сите слики за убавина и замина предалеку од природната убавина. Денес не е убаво да се види жена која не е женствена.

Не е убаво да се види жена со кратка или седа коса, со целулит, дебела жена, жена која е своја- тоа се плиткоумни сфаќања, убавината е многу подлабоко скриена. На вас е да ја пронајдете. Најголем проблем што не се познаваме доволно. Прво, незнаењето за себе и недостатокот на јасен самоидентитет се најголеми причини зошто не сме среќни. Самодовербата е темел за соодветно човечко однесување, основа за успех и остварување на своите цели.

Самодовербата не се стекнува со тоа што жената ќе ги достигне совршените пропорции на телото. Тоа не се постигнува со совршени пропорции на лицето, одредена боја на коса или начинот на облекување. Самодовербата не се мери со бројките на вагата- тоа се мери со внатрешните вредности.

Човекот кој е свесен колку вреди, треба да ‘пука’ од самодоверба. Не треба да бидете физички привлечни за да се сметате за вредни личности. Бројките на вагата не ја одредуваат вашата вредност. Вредни сте онолку колку што можете да им понудите на луѓето, светот и на самите себе.

Вредни сте онолку колку што можете да му допринесете на семејството- психички и материјално. Вредни сте онолку колку што на другите му го разубавувате денот и правите нешто корисно, било да е тоа подготвување на оброк за саканите или грижејќи се за нивните потреби. Бидете свесни колку им значите на луѓето околу себе и имајте самодоверба, изгледот нема врска со тоа.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: