Кога ќе се освестите..
Ќе ви се намали кругот на пријатели. Ќе почнете да забележувате дека вообичаени разговори со пријатели и познаници повеќе не ви одат. Се чини дека се’ е како што било, но стана помалку интересно. Тоа е затоа што не можете да водите разговори како да е се’ пропаст и дека сите се лоши, дека работата не ве исполнува, како мажот е грозен или жената за се’ виновна. Ќе престанете да влегувате во игри, бидејќи по сите правила, потребни се двајца. И затоа на пријателите ќе им станете непријатни, бидејќи ја расипувате целата игра и само повторувате Кралот е гол’
Ќе ви стане тешко да работите она што не сакате и нешто што нема смисла. Затоа ќе одлучите максимално да се посветите на моменталната работа или радикално ќе се смените. Ако на старата работа ве задржува потреба, страв, навика или аутоматизам, тоа веднаш ќе излезе на виделина и ќе мора нешто да превземете.
Врската ќе почне да се распаѓа по шавови бидејќи повеќето врски не се цврст сојуз на еднакви, туку сплет на взаемни зависности и компензации. Кога ќе почувствува дека ве губи, партнерот ќе направи се’ за да ве врати, но вие на сите приговори ќе реагирате со чудење и неразбирање, како вонземјанин да ви се обраќа со марсовски јазик.
Ќе се чувствувате осамено бидејќи ќе пукаат сите непотребни и лажни врски изградени на неспособност, празнина, конзумеризам и егоизам. И таа нова, кој знае како создадена празнина, од почеток ќе ве уплаши, како длабока бездна, но постепено ќе почне да се исполнува со она што е во вас вистински живот.
Нема да можете да се излажете ниту себе, ниту другите. Речиси физички, како Пинокио на кој му расте нос, ќе почувствувате некоја невистина- во зборовите, делата и мислите. Тоа ќе ви биде одвратно и секој пат кога ќе кажете нешто што навистина не го мислите, ќе почувствувате дека душата ви се растргнува. И тоа нема да престане.
Одеднаш ќе откриете дека луѓето околу вас многу страдаат. И не страдаат поради лошиот живот- напротив, со нивните животи е се’ во ред. Тие страдаат поради илузијата дека во нивните живот нешто не е во ред. И ако порано бевте премногу зафатени да ги преживувате страдањата на луѓето околу вас, бидејќи вашите сопствени повеќе нема да бидат. И тогаш ви преостанува само едно-да им помагате на сите, во секој момент и на сите можни начини- бидејќи поинаку нема да може.
Ќе ви биде срам за многу зборови и дела, бидејќи ќе се соочите со вистината и ќе признаете дека изворот на сите ваши проблеми не е никој од надвор- туку вие самите. Кога еднаш тоа ќе го сфатите, ќе исчезне срамот и ќе го замените со внатрешно спокојство.
Вашата слика за светот ќе се сруши. Ќе сфатите дека не е само вашето мислење исправно, а сите други погрешни, туку дека постои бескраен низ на нијанси и можности. А дека сите ограничувања се само илузија која сами ги измисливте.
Leave a Reply