Ќе се изненадите, но понекогаш и жените заминуваат

Си заминуваат бидејќи се само уморни. Бидејќи им недостасуваат комплименти и восхитен поглед на саканиот човек, им недостасува цвеќе и романтика. Разговори од срце до срце. И воопшто, кога не се само прашани: ‘Што имаме за вечера?’ туку ‘Како ти помина денот’? Како си?, а потоа со тивок топол глас, некаде на уво ги кажува зборовите кои и’ требаат на жената- ‘Ми недостасуваш’

Ако мажот не ви помага да се развивате и да се ослободите од некои свои комплекси, туку напротив создава нови или воопшто не размислуваа за вашите потреби и се бори против вас, а не обратно, не се обидува да вложи напори, да го задржи овој однос и да го направи подобар, тогаш едноставно повеќе нема место покрај такви личности. Чувајте ги нервите и самопочитта- заминувајте.

На жените може да им биде многу тешко без внимание на својот маж, без негова љубов и грижа.

Жената, ако сака, подготвена е на се’.Таа ќе толерира и ќе бара изговори за секое однесување на мажот. Дури ќе се обвинува себеси и ќе мисли дека нешто не е во ред со неа, бидејќи драгата личност се однесува така кон неа. Но, во некој момент, садот со нејзиното трпение ќе се преполни и тогаш едноставно ќе си замине без да се сврти и ќе ги запали сите мостови зад себе.

Жените заминуваат ако во врската со маж се чувствуваат невидливо, бидејќи се на последните места на листата на приоритети. Ако жената не може да се потпре на својот партнер во некоја тешка ситуација и се чувствува многу осамено и беспомошно пред сите проблеми, тогаш едноставно ќе ги спакува своите работи и ќе го остави таквиот маж. На крајот тоа ќе биде единствен правилен излез од овој однос…врска во која таа воопшто не е ценета и пополека се убива со својата рамнодушност.

Многу им е тешко кога саканата личност, наместо да подржува, влева верба во сопствените сили и знае да каже: ‘До тебе сум, ќе биде се’ во ред’- почнува да осудува и критикува. Навистина во овој момент, нивните раце паѓаат и тогаш жената ги собира крилата и заминува засекогаш.

Жената заминува ако мажот не ја гледа како дел од својата иднина и тоа и’ го покажува. Ако тој не сака да прави планови со неа за нивниот среќен заеднички живот, тогаш тоа е единствена исправна одлука за жена која ќе се најде во ваква ситуација, единствено да замине молчејќи.

На крајот на краиштата, жените често сакаат да се чувствуваат слабо и по малку беспомошно покрај својот маж. Сакаат да се чувствуваат привлачно и посакувано. Тие сакаат да бидат нивна мала слабост, со која ќе се гордеат и ако треба, да го штитат од целиот свет.

А за да се чувствуваат така, потребна им е грижа, наклоност, внимание и што е најважно љубов на мажот. На крајот ние сме одговорни за нашата среќа, во односот со саканата личност или ја множиме оваа среќа и уживаме во заедничкиот живот или почнуваме да слабееме во духот и да се лизгаме во континуирана негатива. Затоа бидете со оние кои ви даваат крила и верба дека можете високо да летате, а да ги оставите оние кои сурово ве сечат.

Викторија Криста

извор: https://econet.ru/articles/vy-udivites-no-zhenschiny-inogda-tozhe-uhodyat

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: