Дали мажите размислуваат за секс…многу?

Кои тајни мажите сакаат да ги знаат жените?

Мажите размислуваат за секс…многу. Добро, ова и не е некоја голема тајна. Мажите фантазираат за секс многу повеќе од жените, а нивните фантазии се многу разноврсни. Исто така тие размислуваат за необврзан секс многу повеќе од жените. Сепак размислувањето е едно, а конзумирањето е нешто друго.

За мажите сексот е важен. Наспроти врежаното мислење, мажите не сметаат дека сексот е само секс. За поголемиот дел од нив, сексот е важен дел помеѓу двајца кои се сакаат. И токму како поголемиот број на жени, мажите ја сфаќаат сексуалната интимност како задоволство во контекст на сериозна врска.

Тие сакаат кога вие иницирате секс. Поголемиот број на мажи чувствуваат дека тие се тука да иницираат секс. Но, факт е дека и тие сакаат партнерот да ја превземе водечката улога. Не се срамете поради тоа што на мажите ќе им дадете до знаење дека сте расположени за секс. Иницирање на секс од ваша страна може да доведе до поголемо задоволство и за двајцата.

На мажите не му е секогаш до секс. Мажите, на големо изненадување на жените, не се секогаш расположени за секс. Токму како и жените, мажите се многу често под стрес на работа, дома, околу семсјството и плаќањето на сметки. Кога мажот ќе каже ‘не вечерва’ тоа не значи дека изгуби интерес за вас. Тоа едноставно значи дека не сака секс.

Мажите сакаат да ги задоволат своите партнери. Вашето задоволство е важно за вашиот партнер. Но, тој нема да знае што сакате, ако тоа не му го кажете. Голем број на жени се чувствува непријатно кога треба да кажат што им се допаѓа а што не. Ако му кажете на едноставен начин, кој нема да го повреди неговото его, тој ќе ве слуша. На крајот, тој знае дека ќе се чувствувате убаво, кога вие навистина така се чувствувате.

Мажите зборуваат за своите чувства. На вашиот маж му е полесно да зборува индиректно за своите чувства. Прашајте го што има на ум кога ќе помисли на романтичен викенд. Или што ќе помисли кога прв пат ве виде. Неговите одговори ќе откријат како се чувствува.

Мажите велат ‘Те сакам’ преку дела. Некои мажи сакаат да ги искажат своите чувства преку дела, а не зборови. Вашиот маж можеби ќе каже ‘те сакам’ преку дела како на пример поправка низ дома, средување на дворот или фрлање на ѓубре- мали работи кои животот ќе ви го направат поубав и полесен

За мажите верноста е сериозна работа. Мажите се плашат од обврски. Но, бракот го сфаќаат сериозно. Можеби им е потребно подолго време за да се врзат, бидејќи сакаат да се уверат дека се токму тие партнери за цел живот во вашето срце и живот.

Тој навистина слуша. Кога слушате некој, веројатно враќате со ‘да’ ‘се разбира’ ‘Разбирам’. Тоа е вашиот начин да му кажете на некој ‘Те слушам’. Но, некои мажи тоа не го прават. Ако мажот ништо не зборува додека вие зборувате, тоа не значи дека не ве слуша. Тој можеби сака ‘тивко’ да слуша и мисли за тоа што зборувате.

Заедничките активности создаваат поврзаност. Мажите повеќе зајакнуваат во врска преку заеднички активности, преку размена на мисли и чувства. За поголемиот број мажи, активност како што е спорт и секс, ги зближуваат со партнерите.

На мажите им е потребно време само за нив. Иако заедничките активности се важни, на мажите им е потребно време за нив. Всушност кога и двата партнери имаат време и простор за својата индивидуалност, тие имаат и повеќе да даваат еден за друг.

Мажите побргу преминуваат преку работи. Жените подолго ги памтат негативните искуства и кај нив нивото на стрес, анксиозност или тага може и подолго да трае. Наспроти тоа, помалку е веројатно дека мажите долго ќе памтат некој непријатен настан и имаат тенденција побргу да преминат преку работите.

Мажите не ги препознаваат суптилните сигнали. Постои голема веројатност дека мажите ќе ги пропуштат суптилните сигнали, како што се тон на гласот или израз на лицето. Исто така нема да забележт тага на лицето. Ако сакате да бидете сигурни дека вашиот маж разбира за што се работи, бидете директни.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: