Дали сте во врска со емоционален психопат?

Сите знаеме што значи погрешен избор на партнер, но на некои им е потешко да препознаат кога некој со кој се гледаат е емотивно нестабилен, злонамерен па дури и насилен. Како резултат на тоа, другите можат да ве уверуваат дека е се’ во ред. Па, време е да се разбудите.

Ако вашиот партнер кој многу си го сакате, понекогаш е ‘чуден’, тогаш е време да ве потсетуваме на некои вештини на емоционалните манипулатори.

Недостаток на емпатија. Дали ви се чини дека нема никакви емоции? Секако, тој не треба да биде преголем емотивец, но мора да покаже знаци на симпатија и емпатија. Ако поминавте низ одредени проблеми и тешки моменти во врската, а кај него не забележавте сочувство и ранливост, да знаете дека нешто не е во ред.

Тој секогаш лаже. Дали често го фаќате во лага? Тоа не мора да биде некоја огромна лага, доволна е мала, ненавредлива. Емоционалните психопати имаат тенденција да лажат за се’, што е многу нестабилен темел од било каква врска.

Ве понижува пред другите луѓе. Тој треба да ве подржува и охрабрува. Ако имате навика секогаш да ве понижува пред другите луѓе, тоа значи дека не се грижи за вашите чувства и секако ќе ве гледаат како паѓате отколку како станувате.

Секогаш сака внимание, но никогаш не покажува внимание на вас.Емоционалниот психопат ужива во внимание. Меѓутоа, ироничната работа е дека многу ретко обраќа внимание на другите луѓе. Тој сака да се погрижите за неговите потреби, но многу ретко кон вас ќе настапи на ист начин. Овој нездрав циклус води до создавање на еднострана врска во која сте тотално запоставени.

Секогаш сте вие виновни. Ова е главен адут на емоционалниот психопат. Тој никогаш не презема одговорност за своите дела и секогаш очекува некој друг да ја преземе вината. Звучи познато?

Се обидува да ве изолира. Со оглед на тоа дека емоционалниот психопат копнее по внимание, тој ќе се погрижи било кој друг да не ви обрнува внимание. Тоа најчесто го прави така што се обидува да ве изолира од пријателите и членовите на семејството. Ќе се обиде да се увери како другите луѓе не ви се потребни, бидејќи се’ што ви е потребно можете да пронајдете во него.

Ве уценува. Ако било кога направите нешто што на емоционалниот психопат не му се допаѓа, тој ретко ќе се соочи со вас на благ или сочувствителен начин. Наместо тоа, тој станува бесен па дури може и да ве уценува. Во сериозни случаи, емоционалниот психопат може да почне да се заканува дека физички ќе ве нападне.

Никогаш не покажува каење. И покрај сите лоши работи кои ги прави, емоционалниот психопат многу ретко (речиси никогаш) не покажува знаци на каење. Реченицата: ‘Ми е жал’ не постои во неговиот речник, без оглед на ситуацијата. Дури ќе ве убеди дека проблемите со кои се соочувате се ваша вина.

Има садистичка смисла за хумор. Секој има своја смисла за хумор, но емоционалниот психопат има свое сопствено ниво. Хумористични им се работите кои повеќето луѓе ги сметаат за илеглани, навредливи или одвратни. Иако на почеток тоа може да биде чудно, со тек на време станува одвратно.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: