Простете му веќе еднаш на кретенот, доста трошевте време на него!

После раскинувањето ќе чувствувате болка, но не мора да се мачите со страдање, не поставувајте прашања зошто, бидејќи на тоа прашање нема одговор.

Престанете да зборувате дека заслуживте подобро, не ја претворајте приказната за раскинувањето во бајка во која сте главниот лик, бидејќи некои работи не се вистинити. Простете му на бившиот, избегнувајте алкохол и тргнете напред. Постои нешто единствено во нашите заеднички искуства: иако на земјата живеат милијарди луѓе, секој од нас мисли дека неговото искуство е уникатно. Прекинување на врската на пример.

Кога ќе ве одбие личноста која ја сакате, влегувате во зоната на чистиот ужас, а чувството на болка и загуба толку е силна што ви се чини дека ништо не може да ви ги наполни градите освен горчината. Еве некои мали вистини кои ќе ви ја намалат болката.

1. Болката е неизбежна…но страдањето е само опција. Непотребно е да се каже, но повторуваме: прекинување на болката. Ќе ви го скрши срцето, душата. Секако дека боли, бидејќи буквално умира нешто што создадовте, негувавте и што беше ваше. Постоеше во вашата глава (да се надеваме и во главата на оној другиот, но сега е мртво).

Мора да ја поминете фазата на жалење и во таа фаза нема добри вести освен совети како со тек на време ќе попушти болката. Не удирајте со главата во ѕид, бидејќи тагата навистина еднаш ќе помине. Меѓутоа, не мора да страдате. Страдањето не е болка, туку сурова и скриена агонија која ја прати загубата. Обично доаѓа во облик на прашања кои се ројат во главата: зошто тоа не го забележав порано? Зошто погрешно направив? Зошто секогаш се вљубувам во идиоти? Зошто не му е жал? Што не чини во мене?

Страдате всушност од диво прашање без одговор, прашање на кое никогаш нема да добиете одговор. Но, можете да препознаете дека ова не ве води никаде. Трикот е да се открие страдањето секој пат кога ќе го раздвижите и ментално ќе го терате по ѓаволите.

2. Чувајте ги зборовите ‘заслужува’. Непотребното страдање не содржи збор ‘заслужува’. Обично го користиме во варијации ‘јас заслужив подобро’ или ‘јас НЕ заслужувам подобро’ или дури ‘тој не ме заслужува’ Кој навистина заслужува некој однос од мечта каде се функционира совршено додека смртта не ве раздели?

Секако постојат некои универзални вистини- никој не заслужува да биде злоставуван или малтретиран. Но, надвор од кругот на вистинските злоставувања, идејата на ‘заслужни личности’- концептот кој преставува дека сите имаме некои бодови во односот на другите и дека работите функционираат по некој поголем космички поредок е чиста глупост. Сите имаме еден живот кој ќе го исполниме со луѓе. Некои ќе останат во нашите животи, некои нема. Што тоа значи, сами ќе одредите, но ништо нема да се случи само затоа што сите се’ заслужуваме.

3. Трчањето од раскинувањето нема да помогне. После раскинувањето сите го правиме истото: јадеме и спиеме повеќе, пиеме, одиме на психолог, по кафани, одиме по станови на други мажи, менуваме фризура, ја менуваме адресата на живеење. Некои работи се безопасни, а некои можат да имааат последици. Но, ги правиме сите овие работи поради иста причина- за да можеме што побргу да побегнеме од болката. Добрата вест е дека секоја рана може да се залечи. па така и за ранетата психа треба време и трпение. Лошата вест е дека во некоја фаза не можете ништо да направите, освен да чекате.

Ако се обидувате дупките во својот живот да ги пополните со бесмислени активности, можете само да го продолжите времето за зацелување на раните. Мора да му дадете време за да се исфрли ‘болното трујачко ткиво’ и да се вратите во живот.

4. Не е спорно дека имате голема приказна за тоа што се случило. Само не заборавајте дека сепак тоа не е вистинита. Луѓето се големи раскажувачи. Креираме приказни за љубовта и болката, предавството и жртвата, поразите и победите на добрите момци против негативците и што е смешно, се обидуваме да ги примениме на сопствениот живот. Ох, тоа е така трагично.

Тој ме искористи, па ме фрли како стара крпа! Тогаш проба да ми се врати, така што почна да излегува со мојата пријателка или јас се обидов него да го вратам така што завршив со друг фраер во кревет. Проблемот е во тоа што голема приказна може да доведе до мизерен живот ако поверувате дека вашите приказни се вистинити. Иако правила не постојат без исклучок, веројатно приказната која ја констуиравте околу својата врска не е најпрецизен приказ на стварноста. Таа приказна има своја точка на гледање, мислење. На светот не постои приказна во која вие сте сјајни, херој, освен вашата верзија.

5. Не мора да му простите на бившиот ( или себеси) но ако тоа го направите, имате шанса за среќа.Факт е дека повеќе не сте со таа личност во врска. Колку и да се сериозни раните кои ќе ги зацелувате, не е важно што таа личност ви направи, туку што вие од таа врска ќе извлечете. И тука доаѓаме до простувањето. Најважно е ако не му простите на својот бивши, бесот, лутината или болката ќе се пренесе од еден во друг однос. Не звучи добро, но тоа едноставно е така. Значи, простете му веќе еднаш на кретенот, доста трошевте време на него.

извор: tportal.hr.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: