Денес побргу ќе запознаете некој преку интернет отколку во кафуле или ресторан. Затоа треба да ги знаете правилата на виртуелното запознавање. Факт е дека никогаш не знаеш со сигурност на кого ќе налеташ (ниту пак во вистинскиот свет), па сепак се препорачува доза на претпазливост. Ако сакате да започнете врска преку интернет, мудро е да се придржувате на следните правила.
- Никогаш не го користете своето вистинско име. Сигурно ќе помислите дека една таква врска во старт е осудена на пропаст (па веднаш на почеток лажете, по ѓаволите). Меѓутоа, што ако на крајот откриете дека тој ‘некој’ всушност е потенцијален манијак или нешто друго. Сигурно ќе ви биде драго што за вас не знае многу, а посебно не го знае вашето име и каде живеете.
- Ако сте навистина заинтересирани, обидете се да се видите што порано. Сосем е поинакво чувството кога некој ќе го видите и ќе го допрете во однос на постојаното гледање во монитор.
- Ниту под било кој услов не делете приватни инфоормации како што е адреса, каде работите и колку заработувате. Дури и ако ви се чини дека е прекрасен, дека ве разбира како ниту еден до сега, бидете внимателни.
- Причекајте да бидете потполно сигурни во неговите намери пред да го дадете својот телефонски број.
- Запомнете! Таа личност, неговиот изглед, начинот на живот и слично нема да биде исто се’ додека не се запознаете лично.
- Ако планирате да се видите со него, задолжително некој известете каде ќе бидете. Во случај нешто да се случи, некој ќе знае кого и каде ќе запознаете и најчесто ќе биде се’ во ред. Но, во случај да не биде, ќе имате некој кој ќе ве заштити.
- Првиот состанок треба да биде краток. Некое кафе или ручек се сосем доволни за прво запознавање.
- При запознавање вклучете ги сите свои сетила за да можете подобро да сфатите каков е тој. Обрнете внимание на чувствата кој во вас ги предизвикува. Во случај да се чувствувате непријатно во негова близина, вие со него нема што да барате.
- Веднаш на стартот кажете му какви сте и што очекувате. Без глума и претерување. Ако е искрен и заинтересиран, ќе му се допаднете какви што сте.
- Бидете реални. Не очекувајте принц на бел коњ. Ако ви се допаѓа, прифатете го онаков каков што е. Додека цврсто стоите на земја и знаете што сакате, не се грижете, бидејќи секогаш за вас ќе биде добро.
Leave a Reply